Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум
МАКЕДОНИЈА

Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум

Објавено October 30, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.

Фото: Гордана Силјановска Давкова/Фејсбук

– Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите – стои во објавата на фејсбук-профилот на Силјановска – Давкова.

Таа се согласува со претседателот на Франција Макрон кој, како што наведува, на Парискиот мировен форум 2025 укажа на заканата од лажните информации коишто со креирање на радикални наративи ги нарушуваат демократските процеси.

Фото: Гордана Силјановска Давкова/Фејсбук

– Почитувањето на националниот и културниот идентитет, солидарноста, владеењето на правото и човековото достоинство, како основна цел на ЕУ, можат да бидат постигнати само со соодветни информации што нема да бидат под влијание од профитно базираните алгоритми на социјалните мрежи и лажните профили коишто ја уништуваат јавната дебата и ја загрозуваат демократијата – напиша претседателката.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ вечерва со завршен митинг: Мицкоски очекува 60 градоначалници
Следна Статија Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата…

November 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Еврејската заедница останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

На 2 септември седница за оглас за избор на судии во Стразбур

На седница на 2 септември во Врховниот суд, Комисијата за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?