Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

Објавено October 30, 2025 21:00
Сподели
Сподели

Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска, исто како и довербата, и дека погледите во него по изборите се вперени со двоен диоптер и многу цилиндри и ќе му се прати секој чекор и ќе се очекуваат брзи дејствија и резултати од него. Драги скопјани, токму овој човек, вашиот човек за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, е доказ дека можат да се направат промени кога некој работи со срце, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Скопје во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.

Мицкоски посочи дека Ѓорѓиевски е човек што не ветува без да е сигурен дека може да исполни, и кој испорачува за граѓаните.

„И кога гледам што Орце направил за Кисела Вода, знам дека истиот дух, истата енергија и иста совесност ќе ја донесе во Скопје. И Скопје ќе влезе во една нова фаза на предвидливост и извршување на обврските. Орце е сериозен, приземен, прилично методичен карактер. Тој ќе го направи Скопје повторно да живее слободно и да дише слободно. Град каде што јавниот превоз нема да е изговор и да се прекршува врз суети и изговори, туку систем каде што пешачките премини значат безбедност, а не се руски рулет, каде што отпадот е ресурс, а не срам и загаденост“, рече Мицкоски.

Додаде дека Скопје бара управување, не експеримент и за Орце, Скопје е мрежа на животи и сега му треба вашиот јасен мандат за Скопје да стане град на ред, чистота, култура, лесно движење, рамно развиени општини и чесна локална економија.

Мицкоски исто така ги повика граѓаните да гласаат и за Сотир Лукровски во Карпош, за Дејан Митевски во Аеродром, за Ерџан Демири во Шуто Оризари, како и за Зоран Бајовски кој е во натпревар за прв човек за блиската општина до Скопје, Чучер Сандево.

„Ова е вистински избор. Затоа што е избор за секој ден, не само за изборен ден. Ова е избор за твој човек, човек што работи и кога нема камери. Ова е твоето место, град во кој не си гостин. Ова е за твојата иднина, да останат и децата, и соништата“, истакна Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“
Следна Статија На Никола Топиќ му е дијагностициран рак на тестиси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполнети

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти, рече денеска премиерот Христија Мицкоски, пренесе…

March 24, 2026
ПОЛИТИКА

Maкрадули: Партијата не е простор за тивки климања со глава

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,…

July 18, 2025
ПОЛИТИКА

„Правда за Крешник“ поставен транспарент во центарот на Дебар

Транспарент „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“, поставен е во строгиот центар на Дебар, на просторот на шеталиштето,…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?