Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
ХРОНИКА

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

Објавено November 1, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за настаните од „27 април“. Тој издржуваше 13-годишна затворска казна за претепувањето на Зијадин Села.

Веста ја објави Горан Ангелов-Ќосето, исто така осуден во случајот.

„Почивај во Мир Кире. И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата!!!“, напиша Ќосето.

Ѓорѓиевски, кој беше и бранител од 2001 година, беше обвинет и осуден како лицето кое му ги нанело најтешките удари на Села, дело кое тој го негираше.

Иако се жалеше на одлуката на Кривичниот суд, Апелација му ја потврди 13-годишната казна. Во 2017 година, додека беше во притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници.

Ова е втора смрт на осуденик од овој предмет годинава. Во февруари, на 54-годишна возраст, почина Игор Југ. Двајцата осудени поминаа повеќе од осум години зад решетки и бараа слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ден на национална жалост утре во Албанија поради смртта на Фатос Нано
Следна Статија Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Ја натепал сопругата во ноќен клуб

Утрово во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин…

January 22, 2026
ХРОНИКА

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плат

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?