Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош
ХРОНИКА

Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош

Објавено November 1, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Матичари и советници во МВР овозможиле жена да добие двоен идентитет преку лажен упис за брак и издавање нов пасош.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири лица за „несовесно работење во службата“, откако било откриено дека во институциите во Лојане и Куманово бил создаден целосно нов идентитет за едно женско лице.

Полицијата ги товари В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67).

Првопријавената, матичар во Управа за водење на матични книги во Лојане, општина Липково, постапила несовесно во вршење на своите овластувања и должности на начин што во матична книга на родени во с.Лојане извршила дополнителен упис дека едно женско лице склучила брак со машко лице и го зела неговото презиме, по што второпријавениот во својство на матичар на 26.03.2024 издал извод од матична книга на родени за неа. Третопријавениот, помлад советник во Одделение за управни работи Куманово го примил поднесеното барање за издавање на патна исправа, а четвртопријавениот во својство на виш советник за патни исправи во одделението во Куманово проценил дека се исполнети сите законски услови за вадење на пасош и го одобрил издавањето. На тој начин , пријавените овозможиле на лицето да користи два идентитети“, соопшти СВР Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протести во Бразил поради полициска операција против нарко-банди
Следна Статија Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пиштол и куршуми пронајдени при претрес во домот на 23 годишно момче од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Запленети тутунски производи од малопродажен објект во Струга– избегната акциза од 509 илјади денари

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од…

January 29, 2026
ХРОНИКА

Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?