Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Објавено November 2, 2025 22:38
Сподели
Сподели

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево.

-Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот . Покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадности, против оние кои го влечеа градот надоле. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, Христијани и Муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и во онаа политика која им е потребна на граѓаните. На ова треба да работиме. Победи соживотот и вербата во вредности. Ова е голем и важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети.

Победи идејата дека Македонија е дом за сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати., рече Мицкоски.

На кичевчани им порача дека е со нив и дека Кичево мора да биде во владиниот фокус.

-Драги кичевчани јас сум со вас, и Кичево периодот што следи мора да биде и во владиниот фокус. Падна митот дека Кичево е нивно или наше, мала или голема општина. Кичево е на кичевчани. Победи надежта дека иднината не се гради со поделби, туку со почит и заедничка работа. Таа победа не е само локална, таа е симболична. Таа зборува за Македонија што созрева, за народ што не се плаши да се обедини околу вредностите, а не околу поделби. Таа покажува дека народот е поголем од политиката и дека верата во подобро утре е посилна од секој страв. Драги пријатели, помина и времето на локални шерифи, итромани кои градеа кариера преку малверзации, ситни манипулации со децении се шалтаа од еден во друг ќош само за да политички преживеат, тоа време вечерва завршува и во скопски Карпош. Тоа е порака до сите оние кои со нечесни подземни игри мислеа дека ќе го излажат народот. Епа вистината им се распрсна пред очи. Бомбата која ја спремаа за други им прсна во рака. Исто така, дозволете ми почитувани сограѓани, да кажам дека овој резултатот е порака до СДСМ, морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл. Но, тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето. Вечерва не славиме против некого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска. И со одговорност пристапувам кон секој даден глас. Секои избори се порака, и овие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата, туку да се носиме со одговорноста дадена од граѓаните и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме. И таа порака е разбрана. Обврска да продолжиме уште посилно, да не се опуштиме ниту еден ден, и да ја претвориме надежта во конкретни резултати. Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок. Од Кичево до Скопје, од Битола до Куманово, од Охрид до Штип, ова е истата порака: време е за обединување, време е за работа, време е за Македонија што верува во себе, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња
Следна Статија (ВИДЕО) Ацевски од СДСМ поднесе оставка и го повикува Филипче и целото раководство на СДСМ да го сторат истото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што се крие зад најавите за медијаторство на Џорџа Мелони меѓу Македонија и Бугарија?

Со посебна доза внимание македонската јавност деновиве ги анализира најавите за можно директно вклучување на италијанската премиерка Џорџа Мелони во…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Важно е што во ЕУ се слуша поинакво мислење, самите членки се изморени од објаснување зошто пристапниот процес не треба да се билатеризира, туку европеизира

„Она кое што е важно да се напомене, што впрочем го кажа еден од премиерите на земјите членки, е дека…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?