Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Скопје

Објавено November 3, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје откако победи на Локалните избори 2025 како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“. На функцијата прв човек на главниот град, која ќе ја преземе со добивање на уверението од ДИК, стапува по четиригодишниот градоначалнички мандат во скопската општина Кисела Вода (од 17 октомври 2021) и со искуство како претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Ѓорѓиевски е роден на 5 август 1987 година во Скопје. Дипломирал на отсекот политички студии на Правниот факултет „Јустинијан I” на Скопскиот универзитет и има магистратура во областа на менаџмент на човечки ресурски. Работел во приватен сектор, а пред да стане градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски од 2017-2021 година беше советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на таа општина.

Според податоците на Државната изборна комисија за вчерашниот втор круг избори во Скопје, Орце Ѓорѓиевски освоил 95 572 гласови или 57,03 отсто, а неговиот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ, добил поддршка од 61 475 гласачи или 36,69 проценти.

-Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави Ѓорѓиевски на почетокот на јули годинава на прес-конференција на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на партискиот Извршен комитет тој да биде нивни кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избори.

На кампањата за изборите Ѓорѓиевски се претстави под слоганот „Прво човек, потоа градоначалник“ и на првата прес-конференција од нејзиниот почеток, на 29 септември, ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ зад која, рече, стои неговиот тим од стручни соработници.

Програмата се заснова на седум главни столбови, како што рече „темелите на иднината на нашиот град“ со кои „почнува урбаната ера која Скопје ќе го преобрази во европска метропола“: 1. Одржлив урбан развој во следните 20 години; 2. Здрава животна средина, 3.Целосна комунална обнова на градот; 4. Враќање на културниот идентитет на Скопје; 5. Дигитална трансформација и паметни решенија; 6. Скопје – град на младите и науката и 7. Јакнење на јавната грижа и безбедноста. Како што рече, од седумте столбови ќе произлезат стотици проекти, „речиси по еден за секој ден од годината“.

Нагласи дека приоритет му е хуманизација на главниот град затоа што, рече, во овој момент не може да зборува за Лунапарк кога Скопје е во хаос и нехумани услови и неговите граѓани се гушат во депонии што ги има во секое маало. И затоа, како што рече тогаш, прва работа што ќе ја направи кога ќе стане градоначалник, ќе биде негово чистење и „за 72 часа во голема кооридинирана акција со сите општини главниот град ќе биде исчистен од ѓубре“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јовановски: Kичево мудро избра – проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост
Следна Статија Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување

Два месеца поминаа, а сѐ уште стојат гаражирани шесте донирани еколошки автобуси, кои според најавите на церемонијата на примопредавање, требаше за…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук испрати порака дека „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените“. Секој почеток е…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?