Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
СВЕТ

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Објавено November 3, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.

Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе МТИ.

– Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа – рече Орбан.

Тој рече, користејќи германски израз, дека ЕУ сака „јавол (jawohl) влада“, односно влада која само ќе кажува „разбирам“.

– Тие сакаат „јавол влада“, со Канцеларија на европскиот јавен обвинител, економска политика што е во согласност со ЕУ, експерти одобрени од Брисел и премиер што можат да го контролираат – рече Орбан.

Унгарскиот премиер најави дека неговата влада во следните четири години ќе ги поддржува унгарските семејства, бизниси и пензионери, во чии рамки ќе се воведе ослободување од данок за мајките со две или три деца, а ќе се врати 14-тата пензија.

– Не можеме да дозволиме унгарски пари да се испраќаат во Украина – заклучи Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност
Следна Статија Загинатиот велосипедист е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

Идентификуван мажот кој на 22 декември во метрото на Њујорк запали жена, која почина. Напаѓачот е 33-годишниот Себастијан Сапета, илегален…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

УНИЦЕФ со пофалби за новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата

„УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата на Северна…

August 13, 2025
СВЕТ

Како телохранителите на Путин со години случајно ги откривале неговите локации

Телохранителите на рускиот претседател Владимир Путин несвесно го откриле своето присуство, а со тоа и на Путин, на неколку тајни…

October 31, 2024
СВЕТ

Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад

Мајк Валц, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе е отпуштен поради користење на лошо заштитена копија…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?