Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите

Објавено November 4, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Република Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија.

-Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план за заштита на малцинствата, кои треба да се финализираат во инклузивен процес, се наведува во заклучоците.

Во документот се додава дека се потребни понатамошни брзи и решителни активности во однос на одредниците за старт на преговорите во согласност со Преговарачката рамка, со цел Првиот кластер да биде отворен што е можно поскоро и кога ќе бидат исполнети поставените услови.

-Република Македонија треба да ги интензивира напорите за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, особено во рамките на кластерот „Основни вредности“, особено за да се одржи владеењето на правото, особено преку заштита на судската независност и интегритет, како и зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Корупцијата треба да се решава без неуморно, вклучително и преку зајакнување на спроведувањето и воспоставување солидна евиденција во истрагата, гонењето и конечната пресуда за случаите на високо ниво, се наведува во заклучоците.

Европската комисија посочува и дека земјата изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени, вклучително и за вклучување во Уставот на граѓани кои живеат во нив, а се дел од други народи, како што се Бугарите, согласно заклучоците од јули 2022 година, кои се обврзала да ги започне.

-Билатералните договори со соседните земји, вклучувајќи го и Преспанскиот договор меѓу Грција и Република Македонија и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Македонија, бараат доверба од сите страни, се додава во заклучоците.

Во општиот дел од заклучоците Европската комисија посочува дека членството во ЕУ е геостратешка инвестиција во силна, стабилна, безбедна и обединета Европа заснована на заеднички демократски вредности, а инвестирањето во проширувањето, исто така, е и во стратешки безбедносен интерес на ЕУ.

-Проширувањето е и ќе остане строг, фер и процес базиран на заслуги, заснован на објективниот напредок постигнат од секоја земја вклучена во проширувањето. Ова бара решителност за спроведување неповратни реформи во сите области на правото на ЕУ, со посебен акцент на основите на процесот на проширување, се вели во документот.

Во него се наведува дека земјите кандидати за членство треба да ги спроведат неопходните реформи, обезбедувајќи трајна трансформација на нивните економии, демократски системи и општества, што бара од нив да извршат трансформативни промени, да изградат доверба и да обезбедат меѓуопштествен консензус.

-Членството во ЕУ е стратешки избор. Партнерите мора цврсто и недвосмислено да ги прифатат и промовираат вредностите на ЕУ. Усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е позначаен сигнал од кога било досега за споделени вредности и стратешка ориентација во новиот геополитички контекст, се додава во заклучоците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ
Следна Статија Во ноември овие хороскопски знаци ги чека луда среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?