Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи
ХРОНИКА

Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи

Објавено November 5, 2025 11:44
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага за две жени и двајца мажи, кои, дејствувајќи во група и со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Четворицата се осомничени за кривично дело – разбојништво.

Во описот за случајот што се случил на 30 октомври годинава, од Обвинителството информираат дека оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка.

„Откако тој се согласил, осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле да одат на друго место, односно во ‘поубав и поевтин хотел’. Излегувајќи во собата, во темниот двор на мотелот, го пречекале двајца мажи, што биле во претходен договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал за земјата. Од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта“,се вели во соопштението од Обвинителството.

За четворицата осомничени е предложена мерка притвор поради опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Една од осомничените жени, откако го извршила делото, е во бегство. За неа притворот ќе започне да се применува по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Демократскиот социјалист Зохран Мамдами е нов градоначалник на Њујорк
Следна Статија Кој е Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром

Автомобил превртен на коловозот утрово по сообраќајка меѓу две возила во скопски Аеродром на крстосницата меѓу булеварот Видое Смилевски Бато…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Целосен прекин на сообраќајот на патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

АМСМ вечерва соопшти дека од 20.20 часот во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Ново Село после…

October 20, 2024
ХРОНИКА

МВР објави потерница за адвокатот Александар Ристески

Министерството за внатрешни работи денеска на својата веб страница објави потерница по поранешниот адвокат Александар Ристески поради „истрага за сторено…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Уапсен вооружен Нигериец кој нападнал полицаец пред дискотека во Градски парк

Рано утрово во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле…

December 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?