Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8

Објавено November 6, 2025 12:39
Сподели
Сподели

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево.

Како што јави известувачот на МИА, Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави на Коридорот 8 за директната железничка врска меѓу Скопје и Софија, беше потпишан во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, Европската инвестициска банка,  Европската банка за обнова и развој и на Светска банка. На церемонијата присуствуваше и амбасадорката на САД Анџела Агелер.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри  на бугарска.

– Договорот е сон на генерациите од двете страни на границата, нешто за што сме читале, за што се учело додека сме биле деца дека двете држави, двата главни града и Софија и Скопје треба да се поврзат со железничка врска, рече вицепремиерот Николоски, на церемонијата во Ѓуешево, најзападната и највисоко лоцирана железничка станица во Бугарија, на 933 метри надморска височина.

Караџов посочи дека овој ден е исклучително важен и оти се исполнува сон на многу генерации. – Отвораме, возобновуваме железница стара повеќе од 100 годони. Нам ни падна честа со Николоски да го реализираме овој проект, изјави Караџов.

Пругата Скопје-Софија, чија изградба е почната во 1994 година, се гради во три фази, а проценките на надлежните институции се дека со неа ќе се зголеми товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти во првите години по изградбата. Завршена е изградбата и реконструкцијата на првата делница Куманово – Бељаковце во должина 30,8 километри (40,5 милиони евра). Во тек е изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри и вредност од над 155 милиони евра, каде прогресот на работите е 35 проценти, а рокот за заврување е крајот на 2026 година. За третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение, според најавите, следниот месец ќе се распише повикот за избор на изведувач. Изградбата на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничниот, како и 52 моста, се смета за најголем предизвик. Со тендерот што пропадна, како што објави новата влада на почетокот на мандатот минатата година, вредноста од првично планираните 340 милиони евра била зголемена на 560 милиони евра.

Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. Следуваше состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел на кој беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на државава.

На западното крило на железничкиот Коридор 8, предвидена е изградба на пруга од Кичево до Лин, за што подготвен е и проект. Владата неодамна најави и проект за реконструкција на линијата Скопје -Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево во должина од 103 километри. Добиен е грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Се очекува за две години да се избере изведувач.

FacebookTwitterCopy LinkShare
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за реконструкцијата: Не верувајте на шпекулации
Следна Статија Мицкоски: Задоволен сум од Извештајот на ЕК за Македонија, следуваат реформи во правосудството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој…

November 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за најавените мерки за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок

Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена,…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Во првиот квартал еврообврзница во два дела од по 500 милиони евра со различна рочност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Народната банка со проактивна улога во подобрувањето на условите на плаќањата во економијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“, истакна дека…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?