Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми

Објавено November 7, 2025 12:01
Сподели
Сподели

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки.

Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади денари.

Во друг случај царинските службеници од Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на багаж на патник, македонски државјанин, кој допатувал со лет од Лондон пронајдоа два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот „Ејпл“.

Вкупно 37.500 евра се запленети од страна на мобилните царински тимови, во два одвоени случаи на влез во државата на граничен премин Табановце.

Во првиот случај, при личен претрес на српски државјанин кој со автомобил со српски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, во џебовите од неговата јакна биле пронајдени непријавени 24 илјади евра. Согласно закон, му биле вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а останатите 14 илјади биле привремено задржани.

Во вториот случај, во фиоката пред совозачкото седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени непријавени 25.500 евра. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 23.500 евра биле привремено задржани.

96 кутии цигари без акцизни маркички и 34 ремени за прицврстување товар во товарни возила, се откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Ново Село.

Во првиот случај, во багажниот простор на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 96 кутии цигари без акцизни маркички и 10 ремени за товар.

Во вториот случај, во багажниот простор на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 24 ремени за товар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија
Следна Статија Македонец „оперирал“ во Хрватската – лажел за непостоечки сообраќајни несреќи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

Крешник Бектеши, поранешниот министер за економија веќе е во домашен притвор, откако судот во Кочани уште вчера го прифатил предлогот…

May 15, 2025
ХРОНИКА

Правеле далавери со давачките за увоз на половни возила: Кривични за 11 лица во Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Работник се бори за живот, откако падна од зграда која се гради во „Треска“

Попладнево работник паднал од зграда на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје додека работел на неа, објави порталот СДК.мк.…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Со боксови нападнати таткото и братот на Невена Спасеска за време на роденден на детето

Синоќа на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?