Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата

Објавено November 8, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател дека законите важат подеднакво за сите сегашни и поранешни функционери и затоа апелирам овој случај да се истражи до крај, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Во однос на обвинувањата од опозициската СДСМ дека поради овој случај, во ризик се доведени средствата од Европската унија за ИПАРД-3 програмата, Трипуновски вели оти такво нешто не постои, односно нема закана ниту за ИПАРД средствата, ниту пак по националните плаќања што ги има Македонија како држава.

„Владата покажува неселективна борба против корупцијата и злоупотребата на службената положба. Ваквите случаи во минатото не се случуваа, некако претходната власт сакаше да го затскрие секој криминал. Под притисок на јавноста можеби ќе се преземеше некаков активност, повеќе шминка отколку дела. Ги охрабрувам надлежните институции да го истражат целиот случај до крај затоа што само на тој начин ќе можеме да превенираме некакви идни дејствија во иднина“,рече тој.

Во однос на барањата за негова оставка од функцијата, рече дека тој не гледа никаква поврзаност оти Агенцијата е посебна институција, со посебен менаџмент, управувачко тело и токму затоа упати апел случајот да се истражи во целост и доколку има одговорност да се делува согласно законот.

Претходно денеска, пратеникот и поранешен министер за земјоделие од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски рече оти коруптивните шеми и злоупотреби во секторот земјоделство, а кои се поврзани со кадри од ВМРО-ДПМНЕ, сериозно ја доведуваат под прашање европската поддршка за реализција на ИПАРД-3 програмата во вредност од 128 милиони евра, а скандалот со директорот на Платежната агенција,Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ја потврдува сликата за заробени институции и политички клиентелизам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД
Следна Статија Нов „Марш за ангелите“ во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонската економија тоне, обвини ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа прес-конференција на која ги соопшти бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој,…

October 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Е-фактура“ е проект што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата“, истакна директорката на…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите на протест: Се бара минимална плата од 600 евра

Синдикатите денеска излегуваат нa протест, барајќи покачување на минималната плата од 600 евра, и зголемување по 100 евра за сите…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?