Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дијана Хрка го продолжи штрајкот со глад: Граѓани ја поддржуваат пред Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дијана Хрка го продолжи штрајкот со глад: Граѓани ја поддржуваат пред Собранието
БАЛКАН

Дијана Хрка го продолжи штрајкот со глад: Граѓани ја поддржуваат пред Собранието

Објавено November 8, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, и денес, седми ден по ред, го продолжува својот штрајк со глад. Таа утрово се причести во Црквата Свети Марко во Белград, изјавувајќи дека „сè е во Божји раце“.

Поддршка ѝ пружи и Милован Миливојевиќ, таткото на младиот човек кој загина во фабриката „Наменска“ во Лучани. „Дојдов со срце да ја поддржам Дијана, а гледам дека има и други што се со неа, фала Богу. Кога јас ја започнав мојата борба, бев сам со моето семејство, но со чисто срце и образ,“ изјави Миливојевиќ за N1.

Хрка, која рече дека се чувствува добро иако е исцрпена, објасни дека не била физички подготвена за штрајкот, бидејќи непосредно пред тоа одела пеш со студентите до Нови Сад, присуствувала на одбележувањето на годишнината од трагедијата, а само еден ден подоцна престанала да се храни.

Пред Собранието, кај т.н. „Чациленд“, поставени се шатори и транспаренти, а неколку студенти ја минуваат ноќта во близина на нејзиниот шатор. Дијана спие на дрвени палети под отворено небо, додека полицијата го обезбедува местото.

Од утрово, сообраќајот околу Собранието се одвива нормално, а поддршката за неа се шири на социјалните мрежи и меѓу младите.

Штрајкот започна на 2 ноември, еден ден по комеморативниот собир во Нови Сад, организиран по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица, при што загинаа 16 лица.

Хрка бара процесирање на одговорните за трагедијата, ослободување на сите приведени студенти, како и распишување на вонредни парламентарни избори во Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каде ќе се движи градскиот воз? Николоски сподели видео на Фејсбук
Следна Статија Нови членови од Управниот и Надзорниот одбор купуваат акции од „Гранит“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Опсадна состојба во Подгорица откако Турци со нож повредија млад човек, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција

Жителите на подгоричката населба Забјело се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин…

October 27, 2025
БАЛКАН

Додик ја нарече БиХ пропадната земја

Кризата во БиХ повторно се отвори со изјавата на лидерот на СНСД, Милорад Додик, кој во подкаст на американската новинарка…

June 13, 2026
БАЛКАН

Масакр во Скадар, убиени најмалку три лица во вооружена престрелка (ВИДЕО)

Вооружен инцидент се случил вчера попладне во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две…

October 31, 2024
БАЛКАН

Српската министерка по скандалозната изјава: „Требаше да кажам депортација, а не етничко чистење…“

Српската министерка Снежана Пауновиќ, која пред неколку дена предизвика лавина реакции поради нејзината изјава дека би извршила етничко чистење на…

July 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?