Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Супорт Кочани“ : Собравме близу 11 милиони денари и ги поделивме на 137 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Супорт Кочани“ : Собравме близу 11 милиони денари и ги поделивме на 137 лица
МАКЕДОНИЈА

„Супорт Кочани“ : Собравме близу 11 милиони денари и ги поделивме на 137 лица

Објавено November 9, 2025 12:18
Сподели
Сподели

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“.

Од граѓанската иницијатива велат дека од вкупната сума од 10 944 793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари.

Средствата што се распоредени се донирани од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

„Транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку ‘Супорт Кочани’, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди“,се вели во објавата на „Супорт Кочани“ на нивниот фејсбук-профил.

Иницијативата „Супорт Кочани“ беше формирана веднаш по пожарот во „Пулс“, а во неа се вклучени 30-ина волонтери, меѓу нив и млади луѓе кои биле присутни во клубот на трагичниот 16 март. Во пожарот загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.

Од иницијативата изминатата година реализираа и три пратки компресивна облека наменета за преживеаните лица. Облеката, како што велат од иницијативата, е со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што купуваме и што јадеме – Уништени 37 тони храна со поминат рок
Следна Статија Завршија опомените, следуваат казни од МВР за зборување на телефон на пешачки, на тротинет или мотор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сопствениците на опожарениот авто сервис во Пинтија собираат донации за да ја исплатат штетата на клиентите

Сопственичката на авто сервисот во Пинтија во кој беше подметнат пожар утрово на Фејсбук сподели дека собираат донации за да можат што…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав

Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?