Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Објавено November 21, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Американската амбасадорка, Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња. Таа нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.

Во изјава за медиуми по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.

Црната листа на САД е многу динамична, постојано се дискутира за имиња. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве верувам дека додека зборуваме има имиња кои се земени предвид и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата, рече амбасадорката.

Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување на корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, таа порача да се почитуваат.

Немам конкретни детали, но ќе нагласам дека е важно овие коментари и препораки да бидат внимателно разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата, посочи Агелер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници
Следна Статија ЛДП: Разгаленото дете Данела Арсовска која е „оперирана“ од срам веднаш да си поднесе оставка и да прекине агонијата на скопјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ПРВО ОПОМЕНА, ПА КАЗНА: „Безбеден град“ догодина комплетно во функција- период на адаптација од 6 месеци

Догодина комплетно ќе биде ставен во функција проектот „Безбеден град“. Се размислува за период на адаптација од 6 месеци, односно-…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Германски пожарникари возеа 3000 км за лично да донираат во Кочани

Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани. Земале одмор од работа и возеле речиси 3000 километри…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Децата се враќаат во ученичките клупи: Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен во полициска станица

Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен во полициска станица на испитување,…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?