Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Разгаленото дете Данела Арсовска која е „оперирана“ од срам веднаш да си поднесе оставка и да прекине агонијата на скопјани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Разгаленото дете Данела Арсовска која е „оперирана“ од срам веднаш да си поднесе оставка и да прекине агонијата на скопјани
ПОЛИТИКА

ЛДП: Разгаленото дете Данела Арсовска која е „оперирана“ од срам веднаш да си поднесе оставка и да прекине агонијата на скопјани

Објавено November 21, 2024 14:10
Сподели
Сподели

Во врска со алармантната состојба во јавниот градски превоз од ЛДП денеска нагласија дека Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на како што велат волјата на скопската градоначалничка Данела Арсовска, барајќи таа веднаш да си поднесе оставка.

– Доколку сите политички партии го поддржаа ланскиот предлог на ЛДП за воведување законска можност за отповикување на градоначалник односно свикување на референдум, со кој ќе се разрешеше градоначалничката Данела Арсовска, колапсот на јавниот превоз и високиот степен на аерозагадување, кое Скопје го однесе на првото место во Европа по загаденост, немаше да се случат – тврдат од ЛДП.

Однесувањето на градоначалничката Арсовска, од партијата го нарекоа однесување на разгалено дете, а според нив, колапсот на градскиот превоз изминатите два дена е последното дно кое го допрело моменталното градско раководство, кое потенцираат е „оперирано“ од срам и од било каква одговорност и чувство за последици кон сите граѓани кои живеат, но и оние кои престојуваат или транзитираат низ главниот град.

-Секојдневните смени на директори на јавните претпријатија, хаосот во работењето на градските служби, нехигиената во градот, запоставувањето на Зоолошката градина, загадениот воздух се само дел од причините зошто Данела Арсовска мора час поскоро да ја поднесе оставката и да се надмине оваа агонија која скопјани ја живеат секој ден. Покрај општото безредие кое владее во градот изминатите години, колапсот на јавниот превоз и измрзнатите граѓани по автобуските станици утринава се дополнителни аргументи предлогот на ЛДП за отповикување на градоначалници да биде поддржан во Собранието по итна постапка – децидни се од ЛДП.

Во спротивно, сметаат дека не само што ќе продолжи, туку агонијата на Скопје и скопјани ќе станува сѐ поголема секој нареден ден, стои во соопштението на ЛДП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња
Следна Статија Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера меѓу граѓаните во Свети Николе изјави дека секој ден сме сведоци на хаос во…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, Антикорупциска да отвори случај

Ја разбирам нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради…

January 22, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети со скандалозна изјава од Чашка – Македонците според него зборуваат на бугарски јазик

хмети испрати скандалозна порака од Чашка, ако сите што зборуваат албански ги испратиме во Албанија, а оние кои зборуваат бугарски…

January 23, 2025
ПОЛИТИКА

Осум кандидатури за градоначалник во Куманово

Во Општинската изборна комисија Куманово поднесени се осум кандидатури за градоначалници и 14 листи за советници за претстојните локални избори,…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?