Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Објавено November 10, 2025 12:01
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Од Министерството посочуваат дека во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

-МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку е-маил адреси, се вели во известувањето на МВР.

Апелираат до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците.

-Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер, се вели во апелот на МВР.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче
Следна Статија Советот на Амбасадори: Системски слабости го ограничуваат независното функционирање на правосудниот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Годинава ќе бидеме сведоци на вистински градежен бум во општините

Ги менуваме ликот и функционалноста на општините, вели министерот за локална самоуправа и регионален развој, Златко Перински, во интервју за…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК ја презема контролата врз воздушните потраги и спасување од 1 февруари

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ричард Гренел, пријателот на Мицкоски, Трамп го назначи за специјални мисии

Пријателот на премиерот Христијан Мицкоски, Ричард Гренел- поранешен шеф на Националната разузнавачка служба, сега е назначен на висока позиција на…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Основачите на ВМРО-ДПМНЕ со својата храброст и визија го создадоа тоа што денес е најголемата организација на Балканот

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на секој еден од основачите, кој што, со своето дело, со својата храброст,…

June 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?