Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 23-годишна жена која престојувала во Ржаничино со тупаници по устата и носот го тепала шестмесечното бебе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 23-годишна жена која престојувала во Ржаничино со тупаници по устата и носот го тепала шестмесечното бебе
ХРОНИКА

23-годишна жена која престојувала во Ржаничино со тупаници по устата и носот го тепала шестмесечното бебе

Објавено November 11, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, осомничена за кривичното дело „Запуштање и малтретирање на дете“ според член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот шестмесечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење.

Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.

На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред се поради опасноста од бегство. Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители
Следна Статија 11/11: Нè потсетува да застанеме и да погледнеме каде сме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал

Денеска во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода…

August 13, 2025
ХРОНИКА

Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско…

July 19, 2025
ХРОНИКА

Видевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

Еден од обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Боре Видески негираше вина и било каква…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Тетовски бизнисмен за 10 години затаил данок од околу 262 000 евра, Финансиската полиција му поднесе кривична

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?