Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска Давкова за извештајот на ЕК: Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска Давкова за извештајот на ЕК: Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова за извештајот на ЕК: Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Објавено November 11, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма.

Силјановска Давкова за време на работната посета на Општина Ресен, одговорајќи на новинарско прашње да даде коментар за последниот извештај за напредокот на земјава, кој Европската комисија го објави минатата недела, нагласи дека извештаите повеќе треба да бидат техничка слика, бидејќи тие дијагностицираат, класифицираат и евалуираат.

– Зборувам не само како претседателка, туку и како човек кој во животот видел многу извештаи, пратеничка која дискутирала за секој извештај и заклучокот е извештаите треба да бидат повеќе техничка слика, техничка претстава, бидејќи тие дијагностицираат, понатаму класифицираат и евалуираат. Но јас секогаш велам, секој извештај не говори само за евалуираниот, туку и за креаторот, односно за евалуаторот. Во извештаите што се однесувале на нас и на нашиот годишен напредок има или доминира техничката димензија, но многу често и овојпат е присутна и политичката димензија. Или едноставно кажано заклучокот би бил дека технички може и да напредувате, ама политички може да сте блокирани. Или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма – рече претседателката.

Нагласи оти вториот момент, односно презентирањето низ политичка призма е проблематичен и додаде дека можеби во иднина во надлежните органи треба да се дискутираат некои од овие прашања.

– Можеби во иднина при креирањето на извештаите во духот на преговарање, оти преговори не се јас да ви доставам еден извештај, и вие само да го коментирате, во рамките на телата, како што се Парламентот или Националниот совет за евроинтеграции или Комисијата за евроинтеграции треба да се дискутираат за некои од овие прашања или можеби конечната верзија треба да е плод и на дијалогот што ќе се одвива и на забелешките на оној којшто забележува. Во оваа насока, еве јас имам намера, мислам дека е на 17, бидејќи претседателот има право на член во Советот за евроинтеграции, јас номинирав таму моја колешка, врвна познавачка на оваа проблематика. Мислам дека е добро и самата да се појавам таму, за да ја изразам посветеноста на реинтеграцијата или на евроинтеграциското чекорење, но исто така и да презентирам некои мои забелешки – порача претседателката.

Европската комисија во извештајот за напредокот за земјава за 2025 година и во својата Стратегија за проширување минатата недела констатираше дека македонските властите продолжиле да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но напомена дека е важно земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“, особено во делот на владеење на правото, заштита на судската независност и интегритет и зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

– Советот и ги изложи на Северна Македонија условите за отворање на пристапните преговори по Првиот кластер (Основни вредности), откако ќе бидат усвоени уставните амандмани. Како одговор, во декември 2023 година, властите на Северна Македонија ги усвоија патоказите за владеењето на правото и реформата на јавната администрација – се вели меѓудругото во Извештајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фетаи: На местото на Меџити треба да дојде Беким Сали и да имаме министер за животна средина
Следна Статија Алиу: Годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти со ретки болести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Ване Цветанов се луксузирал на сметка на државата, а си ја ангажирал и вереницата за надворешен соработник

Поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата е обвинет дека за една година , од 2021 до…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Обвинителството потврди дека примиле „анонимна“ кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари, вели премиерот

Фактурата за авионскиот превоз за делегацијата која беше во посета на Унгарија изнесува 2.600.000 денари, а не 12 милиони денари,…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно

Сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?