Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Објавено November 12, 2025 09:00
Сподели
Сподели

За повикот од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да пријави доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија на Град Скопје, Ѓорѓиевски синоќа за МТВ1 посочи дека веќе имале средба со претставници на Финасиската полиција, но дека во интерес на истрагата не може да даде повеќе информации.

„Стојам зад сите факти што ги изнесов во јавноста. Околу 500 лица се отстранети од списоците на вработени во јавните градски претпријатија, што земале плата, а не оделе на работа, односно го прекршиле Законот за работни односи и дисциплината што требало да ја запазат во претпријатијата“,рече тој.

Според него, тоа не се лица што ќе бидат заменети со нови, зашто на нив им било дозволено единствено да вршат злоупотреба на институциите и да се доведуваме во оваа состојба во каква што сме денес во Градот Скопје.

„Ако направите пресметка, тоа е околу пет милиони евра отштета на годишно ниво или за четири години е вкупно 20 милиони евра или колку што отприлика би чинила изградбата на новиот Луна Парк, што го чекаат многу генерации“,кажа новиот градоначалник.

На состаноците со надлежните, побарал да има одговорност, но и како што додаде, да има и командна одговорност, што не подразбира овие лица само да бидат отстранети од списоците за вработување, туку да има и одговорност оној што потпишувал тие да земаат плата, а да не работат, но и директорот што сето тоа го одобрувал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени 56 осомничени педофили во Масачусетс
Следна Статија (ВИДЕО) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други, Јован е херој на цела држава и симбол за човечност

Со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Затворени се 226 онлајн казина

Досега се затворени 226 онлајн казина што работат на територијата на Северна Македонија, бројот на казина е намален за 40%,…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност. По повод националниот ден на…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?