Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски
МАКЕДОНИЈА

Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски

Објавено November 12, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои е предметот со измените на Кривичниот законик, извештајот на Европската унија за владеењето на правото, состојбата со судиските плати, предметите поврзани со изборите, постапката за избор на судија во Европскиот суд за човекови права.

Костадиновски потенцираше дека измените на членот 353 од Кривичниот законик со кои беа намалени казните за злоупотреба на службената положба, создале состојба на „огромен суфицит на неказнивост и дефицит на одговорност. Тој потсети дека Собранието имало рок од шест месеци да ги преиспита спорните одредби, но тоа не го сторило, иако рокот истекол во август. Претседателот на Уставниот суд најави дека до крајот на месецот ќе побара информација од судијата-изввестител за овој предмет.

-Кривичниот законик има направено непоправлива штета. Во нашата држава царува неодговорноста, а неказнивоста со тој закон само продолжи. Ние одредивме рок од 6 месеци за измени, рокот истече во август. Имавме разбирање како суд за изборниот процес и јас како претседател сум должен да постапувам, а Собранието е должно да го почитува Уставот, а со тоа да ги почитува и нашите одлуки. До овој момент го нема сторено тоа – кажа претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски ги објасни разликите при одлучувањето и ефектите од евентуалните одлуки и ја истакна разликата помеѓу укинувањето и поништувањето на одредбите или целиот Закон.

-Ако Уставниот суд на наредната седница, хипотетички го стави предметот на Дневен ред и го укинеме, ние ќе станеме исти како оние кои ги донесоа спорните одредби. Доколку Уставниот суд го укине Законот, не се враќа во живот старото законско решение и тоа ќе биде едно зелено светло да може да се краде колку што се сака и никој да не одговара – рече тој.

Неговиот личен став е доколку Уставниот суд го поништи целиот закон за измените на КЗ, во своето образложение ќе каже зошто го поништува, бидејќи е донесен во нетранспарентна постапка без јавна расправа, тогаш според мое мислење, се враќа во сила претходното правно правило.

-Или поедноставно да кажам, поништувачкиот ефект има колективна правна амнезија, како да не се случило. Ова е многу важно,а сосема е различно ако Уставниот суд одлучи да поништи некои одредби од закон, тогаш е различно и ефектот ќе биде различен. Ние изразивме сомнеж за целиот закон. Многу е важна оваа диференција што ја кажувам, како нашата одлука ќе ја применуваат судовите. Истата дилема беше отворена со одлуката за помилување и тогаш и по тие расправи гледам дека нема единствено мислење. Ако се поништи цел закон, тогаш во живот се враќа старото законско решение. Ако Собранието одлучи да постапи по нашата постапка, не може преку ноќ, со европско знаменце да го донесе Законот – изјави претседателот на Уставниот суд.

Претседателот Костадиновски ја анализираше и можноста од примена на членот 88 од Актот на Уставниот суд и ефектот од таквото постапување во конкретниот предмет.

-Јас ќе кажам мој личен став, во нашиот Акт, кој операционализира уставна материја, според членот 88, Уставниот суд може да го определи начинот и рокот за донесување на правната одлука. Тоа значи дека може да одлучиме да го укинуваме законот за изменување и дополнување на КЗ, но правното дејство ќе стапи во сила во Февруари и со тоа правиме дополнителен притисок врз Собранието и веќе немаат право на избор – рече тој.

Дополнително, како што рече „ние сме должни да го чуваме угледот на Судот и доколку Собранието до последната седница на Уставниот суд во декември не ги направи измените, јас ќе го ставам на дневен ред предметот и ќе одлучуваме”.

Осврнувајќи се на последниот извештај на Европската комисија, Костадиновски изјави дека оценките се реални и укажуваат на застој во реформите.

-Во континуитет ги следам извештаите и тие ја даваат реалната слика, последниот Извештај на ЕК не утврдува ниту прогрес ниту уназадување и ние сме во една status quo состојба и тоа укажува дека граѓаните немаат доверба не само во судството, туку во целиот државен апарат – рече Костадиновски.

Во извештајот, според него, се нотирани и забелешки во делот на измените на Кривичниот законик и спроведувањето на одлуките на Уставниот суд, што дополнително го доведува во прашање кредибилитетот на институциите.

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски остро се осврна и на привилегиите на функционерите и финансирањето на политичките партии.

-Граѓаните преку буџетот ги плаќаат политичарите четири пати – за маркетинг, за освоените гласови, за нивните функции и за апанажи по завршување на мандатот. Тоа е неправедно и создава перцепција дека функцијата е привилегија, а не одговорност – рече тој.

Костадиновски порача дека реформите во правосудството мора да бидат искрени и суштински, со еднакви стандарди за сите, „без политички или етнички манипулации.

-Граѓаните изминатиот период имаа можност да видат жестока политизација, па дури и етнизација во некои политички субјекти. Дел од политиките кои ги критикуваа постапките на Уставниот суд беа поразени. Можам да искажам задоволство од зрелоста што ја покажаа граѓаните и тоа треба да биде поука за сите останати политички фактори – изјави претседателот на Уставниот суд.

Во врска со предметот во кој е оспорен Законот за јазиците најави ќе побара од судијата-известител информација дали е завршена постапката и ќе се одлучи дали Судот ќе одржи Подготвителна седница или директно ќе оди на седница за одлучување.

Во однос на прашањето со избор на уште еден судија, со цел да се комплетира Уставниот суд, претседателот Костадиновски изјави дека има информации дека тој процес ќе се придвижи следниот месец.

-Пред некој ден комуницирав со претседателот на Судскиот совет и бев информиран дека до средината на декември ќе го завршат нивниот дел од задачата, што значи ќе апелирам Собранието да избере уставен судија. Кога зборуваме за Собранието и тоа за претходниот состав, јас сум убеден дека не случајно го држеа Судот на работ на кворум и не избираа судии – кажа Костадиновски.

Коментирајќи ја состојбата со јавните коментари од страна на политички фактори, Костадиновски потенцираше дека за обезбедување на независноста и самостојноста на судството, не се важен елемент само платите на судиите, туку вкупниот амбиент во државата.

Според него, извршната власт 20 години во континуитет покажува надмоќ, не само врз судската власт, туку и врз законодавната власт.

-Мислам дека кај нас предолго време се изместени работите како кохабитираат другите власти. Интерпелациите во Собранието се една аномалија. Може тие да се налутат, но според мене тие не се ништо повеќе од гласачка машина. Изместени се работите, не е поголема довербата во другите власти и не може тие истите да се амнестираат, тоа е систем и за да се доведе до таа состојба, мора некој да има улога, дали тоа било Собранието што не носи некој закон или изјави дека не чини судството – изјави претседателот на Уставниот суд, Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада
Следна Статија „Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Салиу: Се додека не бидам осуден не сум виновен, не чувствувам никаква вина

Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?