Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Марш на ангелите“ во сабота во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Марш на ангелите“ во сабота во Скопје
МАКЕДОНИЈА

„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

Објавено November 12, 2025 15:58
Сподели
Сподели

Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Маршот на семејствата на загинатите, кои инаку секоја сабота маршираат во Кочани, овој пат ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје.

„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка,“ порачаа семејствата на загинатите во својот повик до граѓаните да им се придружат во маршот за правда и одговорност.

Во среда, на 19 ноември, треба да започне судскиот процес за несреќата во „Пулс“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители со јасно утврден план за координација, со цел постапката да се одвива без одложувања.

Обвинението опфаќа 34 физички и три правни лица обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски
Следна Статија Мемов: Стабилизацијата на пензискиот систем бара координирана активност на повеќе чинители во државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До четврток трае огласот за 400 нови пожарникари

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток, информираше…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши Вевчанскиот карневал, вевчанци и оваа година беа супер инвентивни

Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Калас: Патот кон ЕУ е полн со предизвици и предолго чекање, државата очекува појасна потврда од Унијата

Разговаравме отворено како што доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина. Разговаравме за патот кон ЕУ, пат кој…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сакаат смена на Судски совет и на државниот јавен обвинител

Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор.…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?