Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Персоналот на хотелот под истрага, сокрил дрога во кутија за сапун во собата на Лиам Пејн
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Персоналот на хотелот под истрага, сокрил дрога во кутија за сапун во собата на Лиам Пејн
ЗАБАВА

Персоналот на хотелот под истрага, сокрил дрога во кутија за сапун во собата на Лиам Пејн

Објавено October 21, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде што Лиам Пејн почина по пад од објектот, се под истрага под сомнение дека го снабдувале пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт.

Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот во хотелот CasaSur во луксузниот кварт Палермо, пишува Дејли Мејл.

Се верува дека собар и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Се верува дека раководството на CasaSur било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.

Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот.

„Во хотелот имало двајца мажи кои му доставувале дрога на Лиам“, открил близок пријател на Лиам Пејн.

„Праќаа такси да земат пакети за него. Еден од овие луѓе работеше во одделот за чистење. По смртта на Лиам, забележале дека такси било испратено на домашната адреса на вработениот. Менаџерот на хотелот го прашал зошто таксито отишло кај него, на неговата домашна адреса, а кога не можел да даде објаснување добил отказ“, додаде тој.

„Лиам правеше се за да остане чист, но штом стигна до хотелот, овие луѓе му понудија алкохол и дрога“, истакна пријателот на Лиам.

Да потсетиме дека полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн била „во целосен хаос“ и дека бројни предмети „се скршени и расфрлани“. Во соопштението се наведува и дека шише виски, запалка и мобилен телефон биле пронајдени и во внатрешниот двор на хотелот, каде што било пронајдено телото на пејачот.

Лиам Пејн почина откако падна од третиот кат во хотел. Имаше 31 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал
Следна Статија Хотелиерите во Охрид, Преспа и Дојран во август инкасирале најмалку 25 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Џеј Ло и Бен Афлек официјално се разведоа

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално станаа сингл во петокот, откако судот во Лос Анџелес го потврди нивниот развод. Според…

February 26, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Шпанска златна монета од 17 век продадена за 3,49 милиони долари

Голема златна монета искована во 1609 година за кралот Филип III од Шпанија сруши рекорди и стана највредната монета во…

November 25, 2025
ЗАБАВА

Ова е најскапото летување во Европа: Лежалки на плажа за 1.200 евра (ФОТО)

Борбата за лежалки претставува посебна приказна за многу од патниците кои успеваат да заземат место покрај базен дури и кога…

August 29, 2025
ЗАБАВА

Генијалната причина зошто Шерон Стоун го задржала фустанот од „Основен инстинкт“: „Луѓето мислеа дека сум луда“

Шерон Стоун, покрај уште неколку костими од филмот „Основен инстинкт“, го задржа легендарниот секси фустан од сцената со скрстени нозе.…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?