Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
ЕКОНОМИЈА

Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова

Објавено November 13, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница.

Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Каматата од оваа граѓанска обврзница за првата година беше исплатена минатата година во ноември при што беше исплатен износ од 54.274.000 денари или 880 илјади евра.

Граѓанската обврзница како нов инструмент беше воведен во 2023 година, со цел да се збогати понудата на нови инструменти за финансирање на финансискиот пазар, како и проширување на изворите на финансирање на економските политики.

Досега се издадени 2 емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра. Министерството за финансии ќе продолжи со објава на нови емисии на граѓански обврзници. Проспектот за новата емисија се подготвува и се очекува да биде објавен до крајот на годината.

Имено, во Министерството за финансии во изминатиот период се работеше на анализа на финансискиот пазар и трендовите во регионот и Европа во насока на диферзификација на понудата на финансиските инструменти за инвестирање и веќе се работи на подготовка на нова емисија Граѓанска обврзница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за уставните измени: Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме
Следна Статија Филипче демантира кавга меѓу Фрчковски и Пендаровски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Заврши постапката по јавниот тендер за трет мобилен оператор, конечната одлука на АЕК по изборите

Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава,…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во јули скоро се било поскапо: Инфлацијата достигна 4,8 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 %, а индексот на…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за земјите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?