Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Витраж со Тоше Проески со мотиви од „Полско цвеќе“ поставен на Гумење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Витраж со Тоше Проески со мотиви од „Полско цвеќе“ поставен на Гумење
МАКЕДОНИЈА

Витраж со Тоше Проески со мотиви од „Полско цвеќе“ поставен на Гумење

Објавено November 13, 2025 15:23
Сподели
Сподели

Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско цвеќе“.

-Иницијативата ја почнавме во 2011 година. Мојата пријателка Соња Јоковиќ од Сомбор и јас седнавме да разговараме. Таа ја изнесе својата идеја.  Го сонувала Тоше во бело и во голема светлина и тоа на денот кога загина, 16 октомври. Што е интересно, и јас имав сличен сон, Тоше во сонот беше во бело, но ја пееше песната „Полско цвеќе“. Значи, ја покренавме таа приказна за да се направи нешто за Тоше, раскажува Гањиќ, кој на Гумење го следеше поставувањето на витражот.

Првиот дел од витражот со ликот на Тоше е донесен на 14 ноември 2012 година. Направен е за два-три месеци. Комплетната тема на витражот е „Полско цвеќе“. Витражот едно време беше конзервиран во Спомен-куќата на Гумење. Сега, вториот дел е изработен за два и пол месеци. И при изработката има необична приказна, поврзана со Тоше.

Секој дел е од стакло и слика, и тоа запечени во печка. Но се случи нешто неверојатно, зачудувачки. Станува збор за стаклениот дел, последниот дел од текстот што е поставен, а Тоше го отпеа во „Полско цвеќе“. Стаклото трипати пукнуваше во печката. Малку бевме скептични. Тогаш преку пребарување на Интернет видов што работел Тоше кога бил во основно училиште: многу го сакал звукот на пукањето и кршењето на стаклото. Дури, со топка ги скршил прозорците во училиштето. Тогаш, кога го ставав стаклото по четврти пат во печката беше полноќ. Седнав, гледав и си реков: „Тоше, те молам, немој да се скрши и ова стакло“. И, утрото го извадив тоа стакло. Цело, нескршено. И, еве, успеавме да го направиме и да го поставиме, емотивно раскажува Гањиќ.

Гањиќ ги сака Тоше и Македонија за која е врзан преку значајни делови од неговиот живот.

Забележавме дека витражот совршено може да се смести со продолжените елементи на стаклените делови од спомен обележјето. Проектот што го почнавме пред 14-15 години еве сега е завршен. Во проектот ни се придружи една наша пријателка Весна. Кога го направивме витражот имав чест да бидам угостен и од мојот пријател Благојче од Крушево. Сите овие години имавме комуникација со него и со Дора, сестрата на Тоше.Тој ни обезбеди многу поддршка – да ги донесеме деловите на витражот, да обезбедиме дозвола зашто ова е заштитен споменик. Ни помогнаа и Интерглас од Прилеп. Изопанот, потребен за витражот беше дониран од нив што ни е мило. Морам да им се заблагодарам на сите луѓе овде. Јас Македонија многу ја сакам. Често доаѓам. Тука служев војска во поранешната ЈУ-држава, вели витражистот Гањиќ.

Вубеникот во Тоше и Македонија ќе продолжи да изработува витражи во чест на човекот кој безрезервно ги сакаше и ги поддржуваше сите.

Планираме и нови витражи, нема да се откажеме. Сега, во тек е еден проект кој чичко Никола, таткото на Тоше, сакаше да се направи. А тоа е Богородица. Тоа е во подготовка. Ќе видиме каде да се постави, дали на спомен обележјето или во манастирот „Свето Преображение“ над Крушево. Освен тоа, планираме на спомен-обележјето да изработиме една шара која ќе свети преку ноќ. Ќе размислиме и за другите витражи, раскажува витражистот Ѓањиќ, која со својата пријателка еден сон за споменот на Тоше го претворил во своја и мисија на добрите луѓе кои го почитуваат делото на Тоше Проески

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст
Следна Статија Докторот Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ова се докторите кои загинаа на патот Прилеп- Битола

Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти

Наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, пред се инфраструктурни. Спремни сме и многу…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% – СДСМ 9,6%

Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции

Се сеќавате во летото 2022 година кога тогашната влада во која главниот збор го имаше ДУИ, а за СДСМ беа…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?