Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството

Објавено December 30, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмазничка и селективна правда.

Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во којашто ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот дека ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. За се останато можам да дадам коментар дека на секого во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии изминативе седум години. Истите тие без кои не можеше да помина квалификацијата преку Акадијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон. Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт депарментот дека прави политички прогон – изјави денеска Мицкоски.

Според премиерот, најлесен начин да се докаже дали некој е виновен или не, е да дојде, да даде исказ и да се соочи со правдата.

Нема ништо лошо во тоа да дојдеш и да кажеш дали си во право или не, а обвинителите и судиите да одлучат понатаму што и како. Ние не се мешаме, тие нека одлучат врз основа на доказите што ќе ги добијат од истрагата – рече Мицкоски.

Од републичкото Јавно обвинителство денеска излегоа со информација дека за Груби е распишана национална и меѓународна потерница и оти домашните и меѓународните органи задолжени за извршување на тие наредби имаат овластување да ги преземат сите неопходни мерки вклучително и да повикаа други лица доколку тие имаат сознанија каде се наоѓа осомничениот.

Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална и меѓународна потерница за осомниченото лице. Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот, се наведува во одговорот од ЈОРСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
Следна Статија Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонски средношколци на Балканската математичка олимпијада

Македонските средношколци постигнаа одлични резултати на Балканската математичка олимпијада (БМО) 2025, која се одржа во главниот град на Босна и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Др Даниловски: Како е можно лекар-специјалист и келнер да имаат иста плата

Доктор Драган Даниловски на Фејсбук реагира за плататите што ги земаат лекари, судии и келнери.

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?