Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Објавено November 14, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот. Тестот ќе биде достапен за сите здравствено осигурени трудници, без дополнителни трошоци.

Според Величе Николова, специјалист медицински лаборант во Клиничката болница – Штип, со воведувањето на овој тест установата поставува нов стандард во грижата за бремените жени.

– За прв пат во КБ Штип се воведува БЕНЕТЕЧ тест – пренатален скрининг. Болницата го покрива целиот источен регион и секоја трудница со државно здравствено осигурување може да го направи овој тест. Се работи за брз, безболен метод, за кој е потребно само земање венска крв, изјави Николова.

Појасни дека трудниците треба да донесат упат од матичен гинеколог и ехо-преглед на плодот. Тестирањето ќе се изведува секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.

Од болницата истакнуваат дека ова претставува значаен чекор напред во пренаталната дијагностика и обезбедува поголема сигурност и навремена информација за здравјето на плодот. Медицинскиот тим уверува дека процесот е едноставен, брз и целосно безбеден.

Со воведувањето на овој тест, велат од болницата, се отвора ново поглавје во заштитата на мајките и бебињата, а се очекува сè поголем број идни мајки да ја искористат оваа можност за посигурна бременост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени
Следна Статија Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните…

March 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стомачен вирус хара во Велес

Иако има зголемување на бројот на пациенти – деца и возрасни со стомачен вирус во Велес, сепак лекарите од матичните…

August 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување , од кои 11 се во странство

Тим од специјалисти од скопските клиники ќе ја утврдува состојбата на сите кои беа повредени во трагедијата во Кочани. Од…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?