Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска мора да имаме зимска опрема во возилата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од денеска мора да имаме зимска опрема во возилата
МАКЕДОНИЈА

Од денеска мора да имаме зимска опрема во возилата

Објавено November 15, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Од денес започнува обврската за зимска опрема во нашите возила. Па за да бидеме 100% сигурни, еве што значи тоа.

Како и секогаш, и оваа година остануваме поборници за користење на зимска опрема, особено зимски пневматици. Веќе неколку пати сме дискутирале за тоа дали само две зимски гуми се доволни (секако дека не!), или пак дали погонот на сите четири тркала е доволна замена за зимските гуми (повторно – секако дека не!). Согласно законот за безбедност во сообраќајот, нашите возила мора да бидат опремени со соодветна зимска опрема.

Ако до пред неколку години зимската опрема беше задолжителна само надвор од населените места, веќе неколку години законот кажува дека морате да имате зимска опрема дури и ако не излегувате од град.

Под зимска опрема за вашето возило се подразбира:

Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или
Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни помагала (синџири за снег).
Не заборавајте дека синџирите за снег се поставуваат на погонските тркала.

Доколку вашето возило има погон на сите четири тркала, тогаш опремата е:

Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри или
Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни синџири за снег.

Ако имаат постојан погон на четири тркала, синџирите се поставуваат на задната осовина.
Ако имаат преклоплив погон, тогаш синџирите се поставуваат најмалку на постојано вклучената осовина.

Повторно да нагласиме – доколку вашиот автомобил има погон само на две тркала, зимски пневматици само на погонските тркала ниту ги задоволуваат законските барања за зимска опрема, ниту пак ја препорачуваме оваа опција, бидејќи едноставно не е безбедна.

Имајте предвид дека зимски пневматици се оние кои имаат ознака „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Оние кои ја имаат само „М+S“ ознаката (или некоја нејзина варијанта) не ги задоволуваат стандардите за зимски пневматици, и не се сметаат за зимски пневматици – а со тоа не ги исполнуваат законските барања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стружанец крадел струја – кривично ќе одговара
Следна Статија Заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Стоилев разрешен од партиската функција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Автобус на ЈСП се запали во Сопиште (ВИДЕО)

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште. Според очевидци, автобусот е во близина на приватни…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снегот ги блокираше патиштата низ Македонија, еве каде има забрана за тешки товарни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Забрани за движење на товарни моторни возила воведени…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?