Директорката на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова, потврди дека била разрешена од функцијата која ја извршуваше од минатата година со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.
Официјална информација од Владата нема, но според Котлар причината била нејзино кажано критичко мислење во интервју дадено во август месец за нашите иселеници во Австралија.
Сегашниот заменик директор кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, имал амбиција да биде унапреден во директор.
Котлар-Трајкова во 2017 година беше кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Центар. И покрај острите критики кон СДСМ за нивните политики и работа, таа ги загуби изборите.