Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Објавено November 15, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.

Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.

Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.

Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата.

„Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.

На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство
Следна Статија (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков повторно Француски предлог ќе донесе Филипче, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. И откако Венко Филипче отиде да лобира за…

September 9, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон

Социјалдемократски сојуз на Македонија  денеска го повтори своето барање за организирање локален референдум во Крива Паланка на кој граѓаните на…

April 22, 2026
ПОЛИТИКА

Сопругата на Османи има плата од 1.600 ЕВРА, а сестра му 3000 евра, ги лажеа Албанците за мали плати, а за своите ги вдомија потенцира Вреди

Партијата прогласена за Нон грата од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во државните институции – тие преку клевети…

September 3, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?