Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса
МАКЕДОНИЈА

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Објавено November 15, 2025 15:34
Сподели
Сподели

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка Коса крај Пожаревац почит на 1.295 загинати Македонци во Првата светска војна, припадници на Вардарскиот баталјон. По комеморативниот собир, Македонците изразија благодарност до месната заедница Костолац за одржувањето на поменот за загинатите Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна во битката кај месноста Костолачка Коса.

-И годинава на 15 ноември во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград ја одржуваме традиционалната комеморација во Костолачка Коса со помен за вечен спомен на 1.295 загинати од 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон кој учествуваше во војската на кралството Србија во првата светска војна…полагаме цвеќе полагаме и во с. Петка каде младите војници од Македонија од тој баталјон престојувале една година…. Македонската заедница во Србија побара претседателот и владата на Србија да издадат потребни дозволи за изградба на споменик во Косотолачка Коса и во село Петка за вечен помен и спомен на Македонците во Првата светска војна, нагласи Лидија Демниева претседател на македонското здружение Кочо Рацин од Белград.

На настанот беше прочитано и писмо упатено од Светскиот македонски конгрес.

-Настаните од 1915 година трајно се врежани во моријата на жителите на Стар Костолац, Петка и Нови Костолац и на Македонците во Србија. Македонците во светот заедно со вас се и во ова чествување на Вардарскиот баталјон во војската на Србија во Првата светска војна. И со денешнава комеморација, иницијативата на македонскиот сенатор Гојко Илиевски и на Македонската заедница во Пожаревац таа вистина се потврдува. Првата светска војна како и Балканските војни оставија длабоки траги во македонското национално ткиво, наведе во поздравната телеграма претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Вардарскиот баталјон со вкупно 1.300 Македонци бил формиран во Кралството Србија со мобилизација во тогашна Јужна Србија. Во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во состав на српската војска, загинале 1295 од нив. Вардарскиот баталјон имал вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието, Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион.

Во одбрана Смедерево, Гроцка и Белград загинале 473, 627 од Македонците во тој баталјон загинале на Костолачка Коса. Од тој баталјон само петмина македонски војници ја преживеале Првата светска војна. Останатите загинале при заштитата на српската војска која се повлекувала кон Пеќ и Албанија.

Пред неколку години поднесено е барање од македонското здружение во Белград, „Кочо Рацин“ да се подигне споменик во с. Петка за Македонците – борци за Кралството Србија загинати за време на Првата светска војна.Барањето било поддржано и од Светскиот македонски конгрес и од нив исто така упатено на адреси кај властите во Србија.

На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за тие храбри Македонци, свежо цвеќе положија и Македонци од Србија, од македонската амбасада во Белград и од македонската политичка партија Левица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?
Следна Статија Се запали автобус на ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

40 минути се чека за излез од Македонија

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила,…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања испрати недвосмислена порака до официјална Софија – без вклучување на…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?