Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс

Објавено November 17, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој најави вакво соочување многу брзо по почетокот на судењето.

– Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така што таму ќе може сите и граѓаните и јавноста и вие медиумите што се се случувало, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините на загинатите во пожарот.

Тој одговарајќи и на прашање за барање за еднократна парична поддршка за семејствата на загинатите, по примерот на оние кои починаа во пожарот во модуларната болница во Тетово за време на Ковид пандемијата, истакна дека како Влада правеле и ќе прават се да им помогнат.

– Ги слушнав двете барања. Апсолутно немам никаква дилема дека ние како Влада правевме, правиме и ќе правиме се што е потребно за да се помогне во тој случај, да се ублажи болката која што е неизмерна, неограничена, голема, рече Мицкоски по поставувањето на камен темелник за изградба на детска градинка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО)Николоски: Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот
Следна Статија Детали за хоророт во Штип: Се уште се бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

Министерот за правда, Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Негативни на птичји грип се резултатите на вработените во Зоо Скопје

По добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица вработени во Зоо Скопје се негативни за птичји грип. Ова попладнево го…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски најави дека ќе ги смени оние што не работат доволно

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?