Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Платежната агенција доби ново раководство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Платежната агенција доби ново раководство
МАКЕДОНИЈА

Платежната агенција доби ново раководство

Објавено November 18, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната Владина седница.

-На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата, изјави вчера Трипуновски по посетата на Тутунскиот комбинат – Прилеп.

Како што истакна Трипуновски, средствата од ИПАРД 3 не се стопирани од Брисел, туку од нашите институции, за дополнително да се провери што се случувало во Платежната агенција.

-Проверките ги прави посебното тело во состав на Министерството за финансии. Колку ќе трае контролата не можам да кажам, но за многу скоро ќе се излезе со официјален податок. Повторувам, кога ние ја носиме одлуката за стопирање, ние ја носиме и одлуката за деблокирање на самиот процес, потенцира Трипуновски.

ИПАРД 3 програмата е проектирана на 128 милиони евра и треба да трае од 2021 до 2027 година. Лазарова Иротова, пак, доаѓа на местото на Илија Стоилев кој беше приведен поради земање мито.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин
Следна Статија Извештај: Мајкл Пениx Џуниор ќе биде ставен на резервна листа поради повреда на ACL

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, велат од АД…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Нема веќе „по партиска линија“ и „лични интереси“- состојбите во образованието одат кон подобро

Убаво е да се разгледуваат странски искуства, но „научна фантастика е целосно да отсликате туѓ образовен систем во сопствената земја“,…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче кои се ментори на неговата кариера

Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?