Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Практичните вештини кај младите во фокусот на бизнис-заедницата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Практичните вештини кај младите во фокусот на бизнис-заедницата
ЕКОНОМИЈА

Практичните вештини кај младите во фокусот на бизнис-заедницата

Објавено November 18, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“, организираше конференција посветена на унапредување на практичните вештини кај младите и продлабочување на соработката меѓу компаниите, образовните институции и академската заедница.

Целта на конференцијата „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“ беше да отвори суштинска расправа за тоа како стручното и високото образование може да создадат посилен, поконкурентен и подобро подготвен кадар кој му е потребен на реалниот сектор.

Преку панел-дискусии беа споделени искуства, добри практики и предлози за подобрување на практичната обука и јакнење на дуалниот модел на образование.

Настанот го отвори извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев кој истакна уште од 2007 година, Комората го постави развојот на човечкиот капитал и реформата на стручното образование како стратешки приоритет. Комората е вклучена во развојот на дуалниот модел на образование, преку кој младите стекнуваат знаења во училиште, но и вештини во компаниите.

„Овој процес не беше едноставен. Тргнавме од тоа дека треба да се договориме да ги менуваме наставните програми, да се приспособат на потребите на компаниите. Децата да не седат пет дена во неделата во училиште, туку два дена да поминат во некоја компанија за да видат како се работи. Денес над 700 компании се вклучени во дуалниот модел, а 70% од учениците се запишуваат во стручно образование. Кога зборуваме за високото образование и таму ќе треба да се направат исклучително големи промени. Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија и треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи. Ќе останеме со дипломи и без работа. И тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Се надевам дека и Владата има разбирање за тој сегмент, заради тоа што се работи за реформа која досега сме ја немале“, кажа Пешев.

Потенцираше дека Стопанската комора ќе продолжи да работи на три приоритети: промена на уписната политика во високото образование каде квалитетот на знаењата и компетентноста ќе бидат поважни од квантитетот на студенти, поголемо учество на бизнис заедницата во креирањето и ревизијата на студиските програми за тие да бидат усогласени со реалниот пазар и градење на независно и професионално тело за акредитација и евалуација, кое ќе обезбеди стандарди на квалитет засновани на резултати и релевантност.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во воведното обраќање нагласи дека образованието е заедничка општествена одговорност и Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис-заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини.

„Последниве години изразено сме насочени кон развивање на квалитетни практични вештини кај младите генерации. Моделот на дуално образование се покажа како најдобар и најефикасен механизам преку кој ја остваруваме оваа цел. Денес, околу 700 компании активно се вклучени во обезбедувањето практична настава за учениците и јас ќе речам дека стручното образование во Македонија е всушност силната страна на националниот образовен систем“, рече Јаневска.

Н.Е. Михал Харари, заменик- шефот на мисијата на Швајцарија порача дека Швајцарија е горда што ја поддржува Северна Македонија во зајакнување на соработката помеѓу образовните институции и приватниот сектор, врз основа на сопствениот успешен модел на дуално образование.

„Дуалното образование во Македонија започна пред неколку години како пилот иницијатива, и веќе прерасна во препознаен пристап од којшто придобивки имаат како учениците и студентите, така и приватниот сектор. Со поддршка од Швајцарија, принципите на партнерство со приватниот сектор и практична обука кои се покажаа успешни во средното стручно образование, веќе се применуваат и во високо образование“, истакна Харари.

Во рамки на конференцијата беше нагласено и дека е потребна поголема интеграција на високото образование со реалниот сектор, преку создавање студиски програми усогласени со барањата на бизнисот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фотоапарати, цигари, дрога, автоделови, керамички плочки, облека, заплени Царинската управа
Следна Статија Неколку лица пукале кон скопјанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николовски – Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and Defence Technologies Zrt., остварија официјална…

July 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфраструктурните проекти, тема на разговор меѓу Силјановска Давкова и Николоски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Претседателката Сиљановска-Давкова ја поздрави интензивната…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?