Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството
ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Објавено November 18, 2025 18:06
Сподели
Сподели

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството е нарушена поради политички притисоци од извршната власт. Таа нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол не донела ниту еден закон од реформската агенда, што покажува дека целта е контрола, а не реформа на правосудството.

„На денешните пратенички прашања, ќе се задржам на тема која е од суштинска важност за демократскиот развој на државата-функционирањето на правосудниот систем, и моето прашање ќе биде до министерот за правда, Игор Филков.

После година и пол од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, видовме само едно – судството е заробено, правда не постои, има нула реформи а власта единствено што сака е партизирано судство по нејзина контрола.

И ова не е нешто што ние како опозиција го кажуваме, дека нема реформи во судството и е јасно нотирано во најновиот Извештај на ЕК.

Во овој најлош извештај за државата, Европската Комисија упатува сериозни критики до Владата за доцнење со судските реформи и за недоволно обезбедување на независноста на судството.

ЕК јасно кажува-„нема напредок.“ Во поглавјето 23 „Темелни права и правосудство“ земјата е оценета со недоволен еден.

Колеги пратеници, ова е оценката за владата која ветуваше „правда“, а испорача притисоци, блокади и институционален хаос.

И ова не е некоја „туѓа критика“, туку официјална потврда од ЕК на она за што предупредувавме година и пол, дека ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата назад.

Сведоци сме на алармантни примери на политички притисок и обиди за контролирање на судиите од страна на извршната власт.

ЕК јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт.

Финансиската автономија на судството се поткопани.

Ова не е политичка квалификација од опозицијата, ова е директен цитат од Брисел.

Во извештајот, Европската Комисија јасно ги посочува трите најважни препораки:

Да се донесе Законот за парнична постапка со двотретинско мнозинство,
Да се спроведе стратегијата за реформи во судството,
Да се зајакне независноста и транспарентноста на Судскиот совет, како и доследната примена на АКМИС.
Но што направивте за година и пол? Наместо реформи – притисоци. Наместо институционална независност – обид за целосно потчинување на независните институции.

За првпат од 1991 година судската фела јавно реагираше на политички притисоци. Тоа е преседан. Општествен и државен. Сериозен сигнал дека политиката што ја водите не е добра.

Како министер за правда, треба да знаете дека притисокот врз членовите на Судскиот совет ја загрозува правната држава.

Вашата работа како министер за правда не е да ја покривате неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и да бидете привезок на партиските интереси на коалицијата, туку да ја штитите независноста на судството и правото на граѓаните на правда.

Извештајот на Европската Комисија е сериозен аларм: Македонија назадува – назадува поради неспособна влада која нема ниту визија, ниту волја, ниту капацитет да ги спроведе потребните реформи.

Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува. Годинава требаше да се донесат 12 закони од реформската агенда-ниту еден не е влезен во собраниска процедура, ниту пак е донесен од страна на министерството со кое раководите вие, министре Филков.

Ова јасно покажа дека целта на оваа власт не е реформа во судството, туку контрола на судството.

Затоа моето прашање денеска: Зошто не се спроведуваат реформите во судството? Зошто ниту еден закон не е донесен? Кој ќе понесе одговорност за блокадата на најважниот сектор во државата?“, истакна Тренчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Не се мешаме во судството, но Владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари
Следна Статија (ВИДЕО) Трамп до новинарка: Замолчи свињо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Законското решение на СДСМ е напишано брзоплето

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифати законското решение поднесено од СДСМ бидејќи е несериозно…

November 5, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Венко Филипче…

August 17, 2025
ПОЛИТИКА

Димовски за кандидати за градоначалници: Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ од претходните избори

Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ на локалните избори во однос на претходните избори, изјави…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?