Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание

Објавено November 18, 2025 20:43
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили.

-Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили се обидуваат да градат политичка кариера и затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание бидејќи се обидуваат тие политичари и тие политички партии да ја злоупотребат оваа мака, рече Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Премиерот додаде дека тие континуирано испраќаат политички пораки, додека, како што рече, за разлика од нив тој цело време молчи и остава обвинителството и судовите да ја завршат својата работа.

-Да имаме фер судење, да имаме судење коешто јасно ќе детектира кои се виновниците, кои не се виновни и.т.н, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека ја поддржува одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за анкетна и надзорна комисија за сите досегашни трагедии кои ни се случија изминативе години. Апсолутно сите виновници, нагласи Мицкоски, треба да се изнесат пред лицето на правдата. Граѓаните, додаде премиерот, треба да видат кој е тој кој злоупотребил и направил грешка и кој е виновен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неколку лица пукале кон скопјанец
Следна Статија Орбан: Брисел е во големи проблеми, бара нови средства за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки

За една година со напорна работа, визија и домаќински пристап ја враќаме државата на нозе, дел по дел, институција по…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

За еден ден преполовени прекршоците во системот „Безбеден град“

Вториот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“ бил со двојно помал број регистрирани сообраќајни прекршоци. Податоците од Министерството за…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од…

February 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се бара одговорност: Ископувањата околу изворот „Шум“ се причина за матноста на водата во Струга

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?