Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска за продавањето ваучери: Ваучерите беа ветени, останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска за продавањето ваучери: Ваучерите беа ветени, останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив
МАКЕДОНИЈА

Јаневска за продавањето ваучери: Ваучерите беа ветени, останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив

Објавено November 19, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив.

-Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка и така натаму. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите, одговори Јаневска на новинарско прашање за време на одбележување 70 години постоење на Државното средно училиште со ресурсен центар – „Партенија Зографски“ во Скопје.

Надлежните информираа дека ќе се доделуваат вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

– Повикот е објавен и може да се аплицира преку порталот uslugi.gov.mk, најдоцна до 20.12.2025 година. Ги повикувам студентите да се пријават и да го остварат своето право, повика таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Будно ќе го следиме судењето за „Пулс“, нема да дозволиме прикривање на вистината
Следна Статија (ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сити аутсорсинг по обвинувањата од СДСМ: Посоченото лице нема врска со нашата компанија, ова е политичка прсметка врз наш грб

Сити Аутсорсинг како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека повторно ќе биде отворена за посетители од сабота откако во октомври беше потврден случај…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално: „Годинава што си оди ќе ја…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Внукот на Али Ахмети, Дрин дал исказ во Обвинителството за оргaнизиран криминал за случајот „Соравија“ и си заминал

Бизнисменот Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ дал исказ Обвинителство за организиран криминал за случајот „Соравија“, дознава „Република“ од извори во обвинителството.Од она…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?