Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
МАКЕДОНИЈА

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава

Објавено November 19, 2025 15:36
Сподели
Сподели

Судскиот совет на денешната 531. седница ги разгледа извештаите за работата на судовите за третиот квартал од 2025 година, кои покажуваат дека судовите ширум земјава и понатаму се соочуваат со значителен број на заостанати предмети, како и со недостиг на судии и судски службеници.

Како што беше посочено од страна на членот на Советот, Антоанета Димовска, основните судови во Прилеп, Ресен и Делчево се оценети како ажурни, додека судовите во Струга, Штип, Берово, Виница, Радовиш, Свети Николе и Струмица имаат значителни заостанати предмети и недостиг на судии. Основниот суд Струмица е со најголем број – вкупно 817 заостанати предмети.

Членовите на Советот нагласија дека речиси сите судови во државата се соочуваат со идентичен проблем, а тоа е недостиг на судии и судска администрација.

Членот на Советот, Ивица Николовски, предупреди дека долготрајната нефункционалност на системот ја намалува довербата на граѓаните и ја отежнува испораката на навремена и квалитетна правда.

Николовски повика на суштински разговор со Министерството за правда за заедничко надминување на системските слабости, подобрување на ресурсите и ревидирање на судската мрежа.

За решавање на наталожените проблеми, Николовски порача дека потребна е политичка волја и координација на сите три власти, нагласувајќи дека „долгата правда не е праведна“ и дека без вистински ресурси и нормативни решенија судството не може да ги исполни европските стандарди.

Советот донесе и одлука за продолжување на мандатот на 14 судии кои поднеле изјава за продолжување на судиската функција.

На седницата беше истакнато и дека огласите за избор на претседатели на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш ќе бидат повторно распишани, бидејќи по претходниот конкурс не се јавил ниту еден кандидат.

Советот, исто така, донесе одлука за објавување оглас за избор на претседател на Управниот суд, како и за избор и разрешување судии-поротници во Основниот суд Берово, а по барање на судија на Основен граѓански суд Скопје, беше донесена и одлука за мирување на судиската функција.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ковачев: Тие што сакаат бугарски пасош треба да се сликаат со знамето и грбот на Бугарија
Следна Статија Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, од власта уверуваат дека нама да има дополнителни трошоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен

Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот…

April 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Семејство со две деца заглавено со возило пред хотел Радика, снежната покривка е околу 80 сантиметри

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 11:43 часот добиена е пријава за заглавено возило на семејство со…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Интернет користат 90,8 отсто од домаќинствата во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?