Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Приведени се десетина вработени во УЈП, за случајот „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Коцевски: Приведени се десетина вработени во УЈП, за случајот „Пулс“
ХРОНИКА

Коцевски: Приведени се десетина вработени во УЈП, за случајот „Пулс“

Објавено November 20, 2025 15:24
Сподели
Сподели

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се приведени десетина вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) и дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Предистражната постапка, како што рече Коцевски, е поврзана со предметот за Кочани, но ќе се води одделно, во кочанското обвинителство.

„Предметот во моментов е заведен во кочанското обвинителство имајќи предвид дека местото на извршување е тоа подрачје. Доколку излезе нешто ново за некое кривично дело, предметот евентуално може да се пренесе во ОЈО ГОКК. Меѓутоа, од првичните сознанија од кривичната пријава произлегува дека надлежно е ОЈО Кочани“,изјави државниот јавен обвинител.

Според првичните сознанија на Обвинителството, лицата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, како и давање и примање мито.

„Овој предмет не може да се спои со сегашниот предмет за Кочани затоа што овде не е поврзаноста со штетната последица, односно смрт. Ова се кривичи дека за злоупотреба, давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен-настан односно со предметот за Кочани кој во моментов е во тек“,додаде Коцевски.

Обвинителот рече дека во овој момент не може да открие на кои позиции во УЈП се лицата опфатени во постапката бидеќи сè уште се земаат генералии, а повеќе детали најавува во текот на денот. Коцевски додава дека според неговите информации, Обвинителството ќе предложи одредени мерки за приведените.

На новинарско прашање за која година се однесуваат направените злоупотреби со оглед на рокот на застарување, државниот јавен обвинител вели дека доколку биле застарени, Обвинителството не би презело никакви дејства.

„За кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување рокот е за последните пет години или последните три, а во однос на другите кривични дела за поткуп, рокот е поголем. Доколку има застареност во овие кривични дела, тогаш обвинителот нема ниту да презема никакви дејства“,изјави Коцевски.

Претходно денеска од МВР соопштија дека полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата, без да откриваат детали за акцијата и бројот на инволвирани лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ
Следна Статија До вчера 27.000 студенти подигнале ваучери за електронски уреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело…

June 3, 2025
ХРОНИКА

„Ќерка ти усмрти дете-мигрант, плати ни 30.000 евра“: Маж од Бугарија правел дрска измама во Македонија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.…

February 17, 2025
ХРОНИКА

24-годишник пронајден мртов во када

Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Малолетник исчезнал од својот дом во Струмица

51-годишен татко од Струмица, ноќеска пријавил дека од домот исчезнал неговиот 14-годишен син. Не е познато како се случил настано,…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?