Вработената во Министерството за земјоделство – Јасмина Костадинова е осудена на десет месеци затвор откако призна вина за примање мито поврзано со посредување за доделување средства од ИПАРД програмата.
Казната ќе и биде пресметана од периодот од 5 ноември 2025 година, од кога таа се наоѓа во домашен притвор.
Со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес.
Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер.
