Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци
ЗДРАВЈЕ

Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци

Објавено May 5, 2026 15:57
Сподели
Сподели

Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да разгледа измени во правилникот. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, вели дека контролите во институциите се интензивирани, односно се двојно зголемени во споредба со минатата година, а најголемо барање имало од Министерството за одбрана.

„Контролите за нас се исто така поука каде има недостатоци во системот, продолжуваме и оваа година, сега имаме големо барање од Министерството за одбрана за контроли во ова министерство. Продолжуваме со контроли и го систематизираме проблемот“, изјави Клековски.

Клековски вели дека се прават анализи што треба да се подобри во оваа насок и информира дека е формирана работна група за измена на правилникот за боледувања и дека се во консултации со матичните лекари.

„Целта на измените во боледувањето не е скратување на оправданите барања, туку прекинување на злоупотребите, за да се остави простор за оние кои навистина имаат потреба. Потребна е и дигитализација на процесот за ефикасност и транспарентност“, изјави Клековски.

Од Фондот информираат дека се размислува породилното отсуство да се продолжи на 12 месеци, како во некои земји од регионот, но претходно треба да се разгледаат финансиските анализи, бидејќи породилното отсуство се исплаќа со 100% надомест. Што се однесува до доцнењата со исплатите, директорот Клековски им се извини на родилките и рече дека се обидуваат да најдат решение за стандардизација на пресметките, бидејќи тие во моментов се прават рачно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор за примање мито за ИПАРД
Следна Статија Падна Владата во Романија: Парламентот изгласа недоверба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Поедноставување на патот на пациентите со рак – оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

Општиот успех на здравствената заштита да се структурира околу потребите на пациентите, меѓу останатото, се огледа и во потребата од…

December 19, 2024
ЗДРАВЈЕ

Министерот кажа, но не откри кои доктори земале и повеќе од 10 000 евра плата

​Во јавното здравство имаме лекари кои земале и повеќе од 10 илјади евра плата. Ова го изјави министерот за здравство…

March 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

ФДА ќе истражува дали смртните случаи кај возрасни се поврзани со вакцината против корона

Службена белешка на агенцијата наведува дека најмалку 10 деца починале по примањето на вакцините против корона, наведувајќи го тоа како…

December 11, 2025

Џонсон и Џонсон постигнува договор за намалување на цените на лекови во САД

Компанијата потпишува договор со американската администрација за олеснување на достапноста на лекови за граѓаните

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?