Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
СПОРТ

Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома

Објавено November 20, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Селекторот Благоја Милевски во првата оценка по денешната жрепка за мундијалскиот плејоф во кој македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето ја доби Данска, рече дека станува збор за исклучително квалитетна репрезентација, додавајќи оти во оваа фаза на квалификациите нема лесни противници.

Жрепката која попладнево беше извлечена во седиштето на ФИФА во Цирих, одлучи македонската репрезентација да ѝ гостува на Данска на 26 март во полуфиналниот бараж, додека во случај на триумф, избраниците на Милевски во финалето на 31 март, исто така, на гостински терен ќе играат против победникот од второто полуфинале меѓу Чешка и Република Ирска.

„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме каква било прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“, истакна Милевски во изјава за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот
Следна Статија Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Усман Дембеле ја освои Златната топка

Репрезентативецот на ПСЖ и Франција, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“, која ја доделува францускиот фудбалски весник „Франс фудбал“. Францускиот…

September 22, 2025
СПОРТ

(Видео) Спектакл во Штутгарт – Шпанија преку Франција до финалето во Лигата на нации

Шпанија и Франција одиграа спектакуларно второ полуфинале во Лигата на нации. Финале избори Шпанија со победата 5:4 на стадионот во…

June 6, 2025
СПОРТ

Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот…

October 11, 2025
СПОРТ

Лазаров: Рано е да кажам дали ќе останам селектор, но секогаш сум тука за Македонија

Кире Лазаров го имаше своето најуспешно натпреварување како селектор на Македонија, а нашата ракометна легенда не го криеше задоволството од…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?