Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван
ПОЛИТИКА

Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван

Објавено November 21, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија упати силна реакција до пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако тој заедно со двајца пратеници остварил средба со делегација на „Претставништвото на Тајпеј во Италија“ во парламентот.

„Тајван е во сржта на основните интереси на Кина и претставува црвена линија што не смее да се премине. Принципот „една Кина“ е универзално признат меѓународен консензус и свечена обврска преземена од страна на Владата на Република Македонија за воспоставување дипломатски односи со Кина. Силно се спротивставуваме на средбата на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, со претставниците на таканареченото „Претставништво на Тајпеј во Италија“ во зградата на Собранието“, стои во писмото на кинеската амбасада во Македонија до Милошпски.

Од Амбасадата оценуваат дека овој чин претставува сериозно прекршување на принципот „Една Кина“, директно поткопувајќи ја политичката основа на билатералните односи и испраќајќи погрешен сигнал до сепаратистичките сили што се залагаат за независност на Тајван.

Во продололжение интегрално Ви го пренесуваме писмото на амбасадата до Милошоски.

Отворено писмо до г-дин Антонијо Милошоски потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија

Забележавме дека потпретседателот  на Собранието на Република Северна Македонија Антонијо Милошоски, заедно со двајца пратеници, вчера се состана со делегација на таканареченото „Претставништво на Тајпеј во Италија“ во зградата на Собранието. Овој тежок погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата на Северна Македонија Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи. Исто така, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија го изразува своето силно незадоволство и категорично противење.

Тајван е дел од Кина. Тоа е историја и реалност. Оваа година се одбележува 80-годишнината од враќањето на Тајван. Пред осум децении, победата на Кинеската Народна Војна на отпорот против јапонската агресија го врати Тајван под суверена јурисдикција на Кина.  Каирската декларација и Потсдамската прокламација, и двете објавени од страна на главните победнички нации во Втората светска војна, го потврдија суверенитетот на Кина над Тајван, што претставува составен дел од повоениот меѓународен поредок. Резолуцијата 2758  беше усвоена подоцна во 1971 година од страна на Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство, одлучувајќи да ги врати сите законски права на Народна Република Кина во ОН. Тоа го реши прашањето за претставувањето на Кина во целост, вклучително и Тајван, во ОН, еднаш засекогаш. Единствената референца за регионот Тајван во ОН е „Тајван, провинција на Кина“. Тајван никогаш не бил држава, ниту во минатото, ниту во никој случај ќе биде во иднина.

Во 1993 година беше потпишано Заедничко коминике за воспоставување дипломатски односи меѓу Народна Република Кина и Република Македонија. Во него експлицитно е наведено дека „Владата на Република Македонија ја признава Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на Кина, а Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија. Владата на Република Македонија потврдува дека нема да воспостави никаква форма на официјални односи со Тајван“. Во 2001 година, горенаведените обврски беа свечено потврдени во Заедничкото коминике меѓу Народна Република Кина и Република Македонија за нормализација на односите.

Принципот на суверенитет претставува камен-темелник на Повелбата на ОН. Принципот „една Кина“ одамна стана универзално признат консензус на меѓународната заедница. Билатералните политички обврски и меѓународните обврски мора искрено и во целост да се почитуваат. Откако долго време беше министер за надворешни работи и претседаваше со Комисијата за надворешна политика, потпретседателот на Собранието Милошоски требаше да биде апсолутно свесен за исклучителната важност и чувствителност на прашањето за Тајван, целосно почитувајќи го суверенитетот на која било друга држава и почитувајќи го меѓународното право. Сепак, она што неодамна го видовме е несфатливо - инсистираната посета на Тајван во официјален капацитет, игнорирајќи ги постојаните силни приговори на Кина минатата година, и овој пат средбата со таканаречените претставници на  тајванските власти во зградата на Собранието, национално законодавно тело – обезбедува платформа за политичка театралност на сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Имаме доволно причини да се запрашаме во кој правец потпретседателот на Собранието има намера да ги насочи нашите билатерални односи?

Господинот потпретседател често се фали дека е избран претставник, тврдејќи дека ја претставува волјата на македонскиот народ. Тогаш Ве молам внимателно слушајте го гласот на народот. Дали грубото кршење на политичките ветувања и договорните обврски е во корист во заштита на меѓународниот имиџ на Северна Македонија? Дали последиците од отвореното поткопување на основните интереси, територијалниот интегритет и националното достоинство на голема сила – додека се повредуваат чувствата на над 1,4 милијарди на пријателски кинески народ – се темелно проценети? Дали напуштањето на огромен пазар, идните можности за развој и ветувачките перспективи за соработка - овој кратковид чин на „штеди на ситно, губи на крупно“ – е навистина во согласност со фундаменталните и долгорочни интереси на македонскиот народ?

Кинеската амбасада сака да повтори дека прашањето за Тајван е јадрото на фундаменталните интереси на Кина и претставува црвена линија што не може да се премине. Неодамна, националното законодавно собрание на Кина гласаше за прогласување на 25 октомври за Ден на комеморација на ослободувањето на Тајван. Тајван конечно ќе се врати во прегратката на татковината, а двете страни од Тајванскиот теснец сигурно ќе постигнат повторно обединување. Никој, ниедна сила, не треба да ја потценува решителноста, цврстата волја и силната способност на кинескиот народ да го заштити сопствениот национален суверенитет и територијален интегритет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК
Следна Статија Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата Светска младинска организација, над 45 млади лидери ќе имаат можност да разменуваат искуства и знаење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена…

October 21, 2024
ПОЛИТИКА

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ

Во рамките на својата акција за разоткривање на трагедијата во Кочани СДСМ денеска објави документи кои го компромитираат јавното декларирање…

June 18, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни

Во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа гостуваше пратеникот и член на ИК, Миле Лефков. Тој…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?