Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Академик Стојков за односите со Софија: Македонија нема друг избор освен да се бори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Академик Стојков за односите со Софија: Македонија нема друг избор освен да се бори
МАКЕДОНИЈА

Академик Стојков за односите со Софија: Македонија нема друг избор освен да се бори

Објавено November 21, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Академик Стојко Стојков смета дека односите меѓу Македонија и Бугарија се во жална состојба и дека ќе има блокада од источниот сосед на нашите евроинтеграции можело да се претпостави претходно. Сега, вели, Македонија нема друг избор освен да се бори, затоа што, смета дека една отстапка би водела кон нови отстапки.

-Односите меѓу Македонија и Бугарија се во многу жална состојба. Но, тоа е нешто што се очекуваше и коешто со децении се „билда“, истакна академик Стојков, кој денеска на Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип присуствуваше на свечениот Наставно-научен совет по повод неговиот избор за член на МАНУ надвор од работниот состав.

Стојков кој живее во Сандански, Република Бугарија, а е универзитетски професор по историја на ФОН при УГД-Штип, вели дека многу пати досега има предупредувано оти Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот за ЕУ.

-Тоа се знаеше уште пред 20 години, не е ништо ново, за жал, овде многу политичари си ги затвараа очите. Сега Македонија нема кој знае каков избор, освен да се бори. Нема друг избор, бидејќи какви било отстапки ќе водат кон нови отстапки,и коишто ќе одат кон нови отстапки итн., и тоа нема да има крај. Додека не се смени политичката рамка, којашто сега постои во Европа и во односите Бугарија-Македонија, јас не мислам дека може да се очекува некој сериозен прогрес, вели Стојков.

Прашан колку одмага или помага Историската комисија за односите меѓу двете земји, Стојков со став дека несреќна околност е што се создаде оваа Комисија и тоа во таков формат.

-Не требаше тоа да се случи. Тоа беше огромна грешка на луѓето што преговараа и го потпишаа договорот со Бугарија. Уште тогаш кога го видовме, ние ОМО Илинден-Пирин го осудивме тоа, бидејќи знаевме што значи тоа и до што ќе доведе. Токму и до тоа доведе, да се обидува бугарската страна, од позиција на сила, членка на ЕУ да ја принудува Македонија да го менува образованието на македонските деца по историја, и преку тоа се обидува да го смени идентитетот. Знаете уште во 2009 година и од тогаш немаат запрено, сите бугарски претседатели и многу политичари многу јасно ја издигаа лозинката Македонија во Европа „Да“, а македонизмот „Не“, којшто значи Македонија нека влезе, но без македонски идентитет во Европа. И тоа се обидува Бугарија да го направи, вели Стојков.

Стојков додаде дека ќе продолжи да се бори Македонците во Бугарија да имаат свои здруженија, организации, она што не им е дозволено, а е демократско право на еден граѓанин, како и за признавање на македонското малцинство во Бугарија, кое, какошто вели „ќе реши голем дел од проблемите меѓу Македонија и Бугарија“.

Инаку, Стојков кој е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав, вели дека ова за него претставува голема чест и признание.

– Признание за се што имам направено досега. Признание и за работата што ја имам извршувано на нашиот Факултет за образовни науки, како историчар. Признание и за се што сум постигнал во борбата за првата на Македонците во Бугарија и за истражување на историјата на македонското малцинство во Бугарија, со книгите што сум ги издавал и на крајот сметам дека тоа е едно признание за поддршка на Македонците во Бугарија да имаат свој претставник во МАНУ. Знаете дека трационално секогаш имало Македонци од Пиринска Македонија таму. Мене ми е чест да се придружам на нивниот ранг, како Ѓорѓи Поп Атанасов-академикот, но и како покојниот Иван Катарџиев и други, вели Стојков.

Тој истакна дека како член на МАНУ, надвор од работниот состав ќе продолжи во истиот правец, но со поинтензивно темпо, бидејќи носи морална обврска за повеќе да се работи и истражува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар
Следна Статија (ВИДЕО) Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангов: Алармантна е состојбата со пожарот во Николиќ, потребна е воздушна помош

Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!, објави на неговиот фексбук профил градоначалникот на Дојран,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме

Транскрипт со превод на македонски јазик од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на посебниот панел „Важноста на регионалната соработка на…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини

Координирани вонредни контроли на општинските инспектори во сите единици на локална самоуправа по страотната несреќа во Кочани, најавува претседателот на…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кризен штаб во Владата поради пожарите

Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?