Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него
МАКЕДОНИЈА

Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него

Објавено November 22, 2025 16:24
Сподели
Сподели

На денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија, се обрати Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој на самиот почеток истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализирала голем број од ветените проекти на изборната програма.

„За многу краток период, ВМРО-ДПМНЕ започна да реализира голем дел од своите заложби за младите од изборната програма, конкретни мерки во образованието, вработувањето и младинското учество. За првпат во историјата, нашата младинска организација може гордо да каже дека имаме тројца пратеници кои доаѓаат директно од нашите структури, тоа значи дека гласот на локалните младински совети, на студентските организации и на општинските канцеларии за млади, може директно да стигне до законодавниот дом“, рече Попов.

Попов истакна дел од владините мерки за поддршка на младите и студентите.

„Нашата Влада спроведе конкретни мерки, секој студент запишан на државните или приватните универзитети доби ваучер од 250 евра наменет за набавка на ИТ опрема, реновирањето на студентските домови, исто така ги подобривме можностите за вработување на млади професионалци, вклучително и вработувањето на 600 специјализанти кои го зајакнуваат нашиот здравствен систем, нашата иницијатива „Млад земјоделец“ ги поддржува младите во земјоделството преку доделување на 10.000 евра за секој што ќе започне земјоделски бизнис, промовирајќи го руралниот развој“, рече Попов и додаде:

„Заедно со нашите партнери во Владата, со нашите градоначалници и советници, и со нашите тројца пратеници, ќе се залагаме за Македонија во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Младите се сржта на партиите, наши наследници и иднината
Следна Статија Вардар подобар од Брера Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестици

Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик,…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?