Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии
ЕКОНОМИЈА

Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии

Објавено November 25, 2025 11:15
Сподели
Сподели

Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на граѓанска обврзница и дека деталите ќе бидат познати кога ќе биде објавен проспектот.

– Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска обврзница. Тоа значи дека на некој начин културата на инвестирање кај граѓаните се менува и очекувам таа иста група на граѓани, која не е повеќе од 2000 лица, повторно да инвестира и тоа не е некој голем износ, истакнува Димитриеска-Кочоска во интервју за телевизија 24.

Министерката сподели дека од унгарскиот заем наменет за поддршка на домашните компаниите досега се пласирани 190 милиони евра и оти целта е постигната да се поддржат компаниите да инвестираат и да продолжат со својата дејност.

– Преку бројки сме докажале дека сме ја погодиле целта. Ако податоци за БДП покажуваат дека имаме огромни раздвижувања, ако статистичкиот индикатор во градежништво покажува дека имаме раст во градежништвото тогаш сметам дека сме ја постигнале целта, а тоа е да помогнеме на приватниот сектор, којшто долгорочно би размислувал да остане тука бидејќи нашата цел беше да им дадеме на компаниите помош да инвестираат, да не размислуваат да затвараат и да се префрлаат во други земји. Преку овие инвестиции таа цел е постигната, потенцира министерката.

Во однос на средствата од унгарскиот заем наменет за поддршка на реализација на проекти во општините, Димитриеска-Кочоска посочува дека во 2024 година се реализирани 21 милион денари и 2,2 милијарди денари во 2025 година, но нагласува дека на терен реализацијата може да е поголема и дека тоа ќе се види во наредниот период.

Според Димитриеска-Кочоска, јавниот долг не треба да загрижува кога има проектирани стапки на раст коишто ќе се остварат. – Нема поголем доказ од растот на БДП дека Владата работи правилно. Јасно е дека стапките на БДП отсликуваат дали политиката е добр, оценува министерката за финансии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Банки на Вол Стрит итно проценуваат последиците од хакирање на фирма за недвижнини
Следна Статија UK ‘world’s most expensive place’ to develop nuclear power – BBC

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Saks Fifth Avenue ќе го затвори локалот во Canal Place

Saks Global планира да затвори девет продавници ширум земјата поради недоволна профитабилност.

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот останува на исто

Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека…

February 16, 2026

Дали е време да се купи акционерство на Microsoft додека неговата зад-листа расте?

Комерцијалната зад-листа на Microsoft повеќе од двојно пораснала во споредба со минатата година, што укажува на огромна побарувачка за вештачка…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Светска премиера на Toyota GAZOO Racing и Lexus: GR GT, GR GT3 и Lexus LFA Концепт

Иновативни спортски автомобили кои ги потенцираат врвните инженерски вештини на Toyota

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?