Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели

Објавено November 25, 2025 16:41
Сподели
Сподели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради што, како што тврди, голем број мајки со новороденчиња остануваат без средства за основни потреби.

Според Радеска, породилното се исплаќа со задоцнување од 20 дена, а имало случаи и со повеќе од еден месец. Таа посочи дека дел од мајките се јавувале во Фондот за здравствено осигурување барајќи информации за исплатата, при што добивале одговор дека ваквото доцнење „било во ред“.

Радеска оцени дека ситуацијата е недозволива и наведе дека во минатото, ниту во услови на економска криза ниту при хакерски напади, не се случувале вакви доцнења. Според неа, причината за актуелните проблеми лежи во „неспособноста и расипничките приоритети“ на актуелната влада.

Од СДСМ прашуваат зошто, како што велат, нема средства за мајките и бебињата, додека Владата троши на „луксузни автомобили, мебел и тендери за блиски компании“. Партјата бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати надоместоци и да воведе фиксен датум на исплата секој месец.

Дополнително, СДСМ побара Владата јавно да ја соопшти финансиската состојба на Фондот и да објасни каде завршиле средствата предвидени за породилните надоместоци. Тие прашуваат и дали доцнењето е поврзано со неликвидност на буџетот.

„Ќе бидеме гласот на жените кои денес се чувствуваат изневерени од државата“, порача Радеска, најавувајќи дека партијата ќе продолжи да реагира додека, како што велат, не бидат исполнети сите обврски кон мајките и новороденчињата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Коцевски имаше можност и шанса, за жал, не ги искористи
Следна Статија ФЗО: Нема доцнење од 30 дена за породилното, проблемот е кај работодавачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.За да оцениме дали сме задоволни треба…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

„Ајфонот е на братучед ми“ – Курто Дудуш вели дека се сликал со телефонот за да го промовира бројот 17 за изборите

Градоначалникот на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Курто Дудуш, објави дека фотографијата со „ајфон 17 про макс“ имала…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски: Завршуваат старите практики кои беа штетни за карпошани, време е за проекти во интерес на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, на предизборен настан во општината ги повика граѓаните…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата сопствените неуспеси ги прикрива со клевети против Албанците и ДУИ

За сè што не функционира во оваа држава, виновни се ДУИ и Албанците. За настаните од 28 Ноември, виновна е…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?