Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите
БАЛКАН

Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите

Објавено November 25, 2025 16:51
Сподели
Сподели

„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и гонење за сите напади врз Бугарите во земјата. Ова е единствениот начин оваа земја да постигне европска интеграција“. Ова го изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во коментар за нападот врз членот на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев кој се случил изминатиот викенд.

„Јас многу јасно им кажав и на претседателот и на премиерот дека случајот со Владимир Перев е добра прилика конечно да се започне со ова, бидејќи и мотивот и сторителот се јасни таму“, додал шефот на бугарската држава.

Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера изрази став за случајот.

„Категорично го осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал поттикнат од моменталната општествено-политичка атмосфера и антибугарската реторика“, соопштиле од ресорот на официјалната бугарска дипломатија.

Се огласи и контроверзниот бугарски политичар, Ангел Џамбаски и член на крајнодесничарската ВМРО-БНД. Тој испратил отворено писмо до членовите на Европскиот парламент и Европската комисија во кое им порачал дека нивното „ тврдоглаво молчење пред систематските напади врз Бугарите во Република Северна Македонија не е само политичка кратковидост туку м морален и правен неуспех“.

„Најновиот случај – бруталниот напад врз новинарот Владо Перев, еден од ретките храбри гласови во земјата – не е инцидент. Тоа е уште еден чекор во долгиот синџир на насилство, етничка омраза и неактивност на државата. Овој пат вашите оправдувања звучат уште полажно од вообичаеното. Вашето молчење го легитимира насилството Системските напади врз луѓе со бугарски идентитет ги кршат Копенхашките критериуми што сами сте ги утврдиле. Секоја земја-кандидат е должна да гарантира човекови права, заштита на малцинствата, стабилни

Поранешниот европратеник истакнува дека „говорот на омраза кон Бугарите е институционализирана норма, а Европа молчи“. Тој упатил неколку барања до официјалните власти во Брисел:

1. Отворено да признаете дека се вршат систематски прекршувања против бугарската заедница во Северна Македонија.

2. Секој понатамошен напредок во преговорите да го поврзете со реални, демонстративни резултати според Поглавје 23.

3. Да го прекинете формалниот „напредок“ и театарот на известување што го прикрива недостатокот на реформи.

4. Испратете јасна порака дека Европа нема да толерира насилство, омраза и дискриминација, стои, меѓу другото, во писмото на Џамбаски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?
Следна Статија Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грција нуди стипендија за Македонци, месечно ќе дава 650 евра

Република Грција објави јавен повик за аплицирање за стипендија за додипломски студии на грчките јавни универзитети, почнувајќи од академската 2025/2026…

August 16, 2025
БАЛКАН

Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград

Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград…

March 8, 2025
БАЛКАН

Вучиќ се сретна со синот на Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Доналд Трамп Јуниор, син на актуелниот американски претседател. Срдечен разговор со синот на…

March 11, 2025
БАЛКАН

Aкадемскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка

Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?