Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Maрта Кос ни порача дека и да влеземе во ЕУ 15 години нема да имаме право на вето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Maрта Кос ни порача дека и да влеземе во ЕУ 15 години нема да имаме право на вето
БАЛКАН

Maрта Кос ни порача дека и да влеземе во ЕУ 15 години нема да имаме право на вето

Објавено June 15, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Новите членки на Европската Унија би можеле да го изгубат правото на национално вето во одредени клучни области на повеќе од 15 години по приемот во членство, врз основа на новите „заштитни“ клаузули кои би биле вклучени во пристапните договори на секоја земја поединечно, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос, во моменти кога Украина и Молдавија официјално ги почнуваат преговорите за членство во ЕУ.

– Ова ќе биде нова генерација на пристапни договори, во смисла дека ќе имаме нови заштитни механизми – рече Кос, пренесе Еурактив.

Таа наведе дека целта на новите клаузули ќе биде да се обезбеди новите членки да ги почитуваат европските правила и пет, десет или петнаесет години по пристапувањето во Унијата.

Кос истакна дека новите одредби не значат воведување второкласен или придружен статус за идните членки.

– Полноправното членство ќе биде можно дури кога државите ќе ги исполнат сите услови. Не постои половично или четвртина членство. Постои само полноправно членство – порача европската комесарка за проширување.

Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург минатата недела побараа воведување нови заштитни клаузули за да се осигура дека идните членки нема да можат да ја „загрозат способноста на Европската Унија да делува“.

Кос, како што пишува Еурактив, со најавата на овие клаузули ги поддржа предлозите кои ги заговараат Франција и Германија, како и уште неколку држави членки, на идните членки да им се ограничи можноста за одлучување за буџетски, безбедносни и надворешнополитички прашања.

Стартувањето на новата фаза од формалните преговори за членство доаѓа во време кога сè поголем број влади на државите членки бараат дополнителни заштитни механизми во случај новите членки по приемот да отстапат од реформите во областа на демократијата, владеењето на правото или слободата на медиумите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На пленарна седница помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – прво читање
Следна Статија МВР: Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската амбасада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Се споделува снимка од Ана Брнабиќ каде што зборува на англиски јазик: „Чита англиски напишан на кирилица“

На социјалните мрежи се прошири снимка од претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, како држи говор на англиски јазик.…

May 15, 2025
БАЛКАН

Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ

Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од…

March 1, 2025
БАЛКАН

Марта Кос: Реална шанса Црна Гора да стане членка за време на мојот мандат

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави дека сака да ја охрабри Црна Гора да работи уште понапорно…

January 16, 2025
БАЛКАН

Детали за тешката сообраќајка во Хрватска: Автомобил прво удрил во срна, а потоа на него налетал автобусот

Командантот на противпожарната станица во Сисачко-Мославинската жупанија, Мирослав Голуб, за Индекс изјави дека причина за сериозната несреќа на автопатот А3…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?