Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката

Објавено November 27, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Уставниот суд информира дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите.

Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот.

-Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање, посочуваат оттаму.

Во однос на прашањата, дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2500 денари (исплатени во септември 2024 и март 2025 година) бидејќи на седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што, посочуваат, истите беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет.

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој беше воведено линеарно зголемување на пензиите. Судот изрази сомнеж дека оваа одредба може да ги наруши уставните принципи на социјална праведност, еднаквост и правна сигурност, бидејќи сите пензионери добиваат исто покачување без оглед на стажот и уплатените придонеси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Од идниот месец Кацарска и Уставниот суд ќе ги намалат пензиите на 70 % од пензионерите
Следна Статија Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ. Телото инаку…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците сакаат во ЕУ, но без Бугари во Уставот

Вкупно 71 отсто од населението поддржуваат членство во ЕУ, што е за речиси десет проценти повеќе во споредба со претходната…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?